Баротали Мирзоев вели дека неговиот син му кажал на семејството два дена пред нападот во Крокус во близина на Москва дека се враќа дома во Таџикистан. Далерјон Мирзоев, кој работел во Русија од октомври, е еден од четворицата Таџикистанци обвинети за извршување на нападот во кој беа убиени 144 лица.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се соочува со зголемен притисок, како од странство, така и од дома, каде што многумина бараат тој да поднесе оставка. На антивладините протести низ Израел, се бара негова оставка, распишување нови избори и ослободување на израелските заложници од Газа.
Бројот на загинати во нападот на 22 март во концертната сала кај Москва се искачи на 140, соопштија руските власти. Претходно, САД издадоа предупредување до руските разузнавачки агенции дека е можен терористички напад, што Владимир Путин го отфрли како „директна пропаганда“.
Европскиот Парламент и Советот на Европската Унија (ЕУ) сè уште не успеале да се договорат за конечниот текст на одлуките за Планот за раст за Западен Балкан.
Советот за безбедност на ОН, ЕУ, ОБСЕ, САД, Франција и други земји го осудија нападот за кој одговорноста ја презеде екстремистичката група Исламска држава. Досега има најмалку 133 загинати, се очекува бројот на жртви да расте. Уапсени се 11 лица, меѓу кои и четворица директно поврзани со нападот
Вчитај повеќе