Пред Светскиот ден на слободата на медиумите на 3 мај, Комитетот за заштита на новинарите со седиште во Њујорк, повторно повика на ослободување на четворица киргистански новинари кои беа приведени во јануари и обвинети за поттикнување масовни немири.
Грузијците на масовни демонстрации од 9 април против таканаречниот Закон за „странски агенти“. И покрај тоа, владејачката партија во Грузија го истурка во второ читање, што ќе влијае на работата на невладините организации кои добиваат странски средства.
Илјадници Грузијци демонстрираа и ЗА и ПРОТИВ додека парламентот ги продолжи дискусиите за таканаречениот закон за „странски агенти“. Поддржувачите на владејачката партија Грузиски сон се собраа во центарот на Тбилиси на 29 април по масовниот протест на опозицијата претходната ноќ.
Украина објави нови правила за военоспособни мажи кои живеат во странство, оставајќи многумина во сомнеж за тоа како промената ќе влијае на нив. Украинските конзулати од 18 мај привремено ќе престанат да даваат услуги за граѓаните кои не ја ажурирале својата воена евиденција.
На гласачките места во Скопје, кои ги посетивме во текот на денот, изјаснувањето на граѓаните со право на глас се одвива без проблеми. Тоа го потврдија и претставници на избирачките одбори и граѓаните. Затекнавме и странски набљудувачи. Гласачките места се затвораат во 19 часот.
На гласачките места во Скопје, кои ги посетивме претпладне, изјаснувањето на граѓаните со право на глас се одвива без проблеми. Тоа го потврдија и претставници на избирачките одбори и граѓаните. Затекнавме и странски набљудувачи. Гласачките места беа отворени во 7 часот, а ќе се гласа до 19 часот.
Украински шверцер на дрога вели дека повеќе би сакал да биде во војска отколку во затвор. Може да ја добие шанса доколку биде усвоен законот со кој се дозволува регрутирање на осуденици за војната против Русија.
На улица Македонија во Скопје, штабови на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ се еден спроти друг, но луѓето во нив, речиси и да не комуницираат меѓусебно. И од двете страни има волја да седнат заедно, да испијат кафе, да поразговараат, но, засега никако да го „скршат мразот“.
Илјадници Грузијци протестираа во Тбилиси на 15 април, откако пратениците повторно го разгледуваа предлог-законот со кој се бара од организациите финансирани од странство да се регистрираат во владата. Додека пратениците од власта го предлагаа законот, дојде до тепачна во парламентот.
На стотина километри од Скопје, во Порече се наоѓа село Волче. Пред половина век било дом на речиси 300 жители. Денес е на работ на заборав. Во Волче, за претстојните избори, според лична карта, регистрирани се само петмина гласачи – сите мажи, а во селото нема ни толку.
Изборната победа на Петер Пелегрини на 6 април и дава на Словачка претседател пријателски настроен кон Русија, чии ставови се во согласност со ставовите на словачкиот премиер Роберт Фицо. Но, тоа не мора да значи дека земјата ќе заземе силен став против политиките на НАТО и ЕУ.
Според статистиката на Евростат, Македонците во просек живеат 73,2 години. Од овој просек, со своите 90 години, отскокнуваат писателот Стојан Тарапуза и професорот по физичко и поранешен спортист, Ѓорѓи Кондратенко познат како Контра.
Вчитај повеќе