вторник, септември 02, 2014 Скопје 11:02

Вести

Награден конкурс „Напиши писмо со ракопис на срцето“

Со идеја да биде обновена традицијата на пишување писма, да биде стимулиран креативниот дух на граѓаните, и посебно на младите кон афирмација на јазичната и писмената култура, Агенцијата за пошти распиша награден конкурс за најдобро писмо наслоен како „Напиши писмо со ракопис на срцето“. Темата е слободна, а конкурсот е поделен на три категории - деца до 12 години, млади до 18 години и возрасни лица.

„Напиши писмо со ракопис на срцето“ е именуван наградниот конкурс за најдобро писмо што го распиша Агенцијата за пошти. Темата за него е слободна, а конкурсот е поделен на три категории - за деца до 12 години, за млади до 18 години и трета категорија за возрасни лица. Право на учество имаат сите граѓани на Република Македонија кои ќе ја искористат можноста до 14 април своето писмо да го испратат до Агенцијата. Писмата треба да бидат напишани со личен, авторски ракопис, на македонски или на албански јазик, да не се претходно објавувани, да не содржат повеќе од 500 зборови и да ја имаат формата на обраќање до примачот.

Идејата е да ја обновиме традицијата на пишување писма, да го стимулираме креативниот однос на граѓаните кон интимната димензија на писмата и кон афирмирање на јазичната и писмената култура и традиција кои во историјата на светската култура има оставено неизбришливи траги.
„Идејата е да ја обновиме традицијата на пишување писма, да го стимулираме креативниот однос на граѓаните кон интимната димензија на писмата и кон афирмирање на јазичната и писмената култура и традиција кои во историјата на светската култура има оставено неизбришливи траги“м ќе рече Влатко Атанасовски, директор на Агенцијата за пошти.

Тој дополнува дека тие како организатори, покрај паричните награди што ќе ги доделат, за најдобрите ќе обездедат и комплети со марки и публикации, а дека крајната цел им е акцијата да прерасне во традиционална и да финишира со објавување на книга во која освен наградените писма ќе бидат поместени и оние по избор на жири комисијата во која што се Стојан Тарапуза, Горјан Петревски, Марија Таушанска, Џабир Ахмети, Венко Андоновски, Бранко Цветкоски и Братислав Димитровски.

Подржувачи на акцијата се Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ и дневниот весник „Нова Македонија“, а Весна Дамчевска, уредник на културната рубрика и на додатокот „Лик“, ќе забележи дека тие, меѓу другото, се вклучиле во кампањата со мисла дека ќе помогнат во враќањето на ритуалот „за кој ни се чини дека во совремиево како да е изгубен“. 

Влатко Атанасоски, директор на Агенција за поштиВлатко Атанасоски, директор на Агенција за пошти
x
Влатко Атанасоски, директор на Агенција за пошти
Влатко Атанасоски, директор на Агенција за пошти
Писателот Бранко Цветковски, во својство на директор на библиотеката „Браќа Миладиновци“, од своја страна вели дека тие како установа во чии трезори се делата на чии страници се наоѓаат можеби најубавите напишани писма во историјата на човештвото, таа и затоа се решиле да обезбедат повеќе комплети со книги за авторите на најдобрите писма на конкурсот.

„Пишувањето на писмото, пренесувањето пораки преку писмата, од најинтимните до најголемите државнички, светски, трговски или други димензии на соопштување на пораките оставило големи траги и јас мислам дека и во денешно време, замената со електронските комуникации можеби на извесен начин ја потиснува оваа митска претстава за големото и убавото писмо што си го праќале луѓето и чекале, копнееле да си го добијат нема да биде така лесно изгубена како димензија на нивно взаемно општење“, вели Цветковски.

Целта е повторно тоа – враќање на интересот за објавување на прозната форма во дневниот печат и враќање на страниците на периодиката затоа што јас на писламата, лично, гледам како на една книжевна форма.
Во контекст на ова писателот за деца и за млади Горјан Петрески ќе забележи дека, како уредник на рубриката „Вљубена страницата“ во магазинот „Наш свет“ (која патем годинава ја одбележува својата 35-та годишнина), тој успеал да направи архива од над 7.000 писма од своите читатели меѓу кои се и оние на денес познатите македонски писатели како Лидија Димковска, Виолета Танчева Златева, Иван Антоновски и дека некои од нив на еден или друг начин станале дел од неговото творештво.

Своето воодушевување од конкурсот и посебно од неговиот наслов не го крие ни легендарниот  Стојан Тарапуза кој потенцира дека „ако зборовите се војска на срцето и оружје на разумот, тогаш со активирањето на оваа идеја ќе бидат активирани воските на срцето“.

„Ова ќе биде белег на едно време. Како трага во времето, во животот ќе остане тоа. А се што остава трага е вредно. Оти животот е река, а луѓето се капки. Во времето секој не остава стапки. Остава само тој што има дела создадени со љубов и со мисла смела!“, порачува Тарапуза.
Овој форум е затворен
Коментирајте
     
Нема коментари во овој форум. Бидете први и дадете коментар.

Хајд Парк

Повеќето граѓани не се убедени дека стратегијата за вонинституционално дејствување на опозицијата ќе даде конкретни резултати. Сепак има и такви кои сметаат дека ваквата алтернативна политика за граѓаните е добар избор.

Повеќето граѓани не се убедени дека стратегијата за вонинституционално дејствување на опозицијата ќе даде конкретни резултати. Сепак има и такви кои сметаат дека ваквата алтернативна политика за граѓаните е добар избор.

Погледни го видеото

Анкета

Анкети архива