Достапни линкови

Дневен печат - На политиката никој не ѝ може ништо


Курбан-бајрам ги подели балканските муслимани, помирување помеѓу МПЦ и СПЦ?, здружување на опозицијата, преокупација на владејачката партија со наталитетот, дел од насловите во дневниот печат.

„Нè очекуваат жешки лета и непредвидливи зими, следува намалување на количеството врнежи и затоа државата треба да се подготви“, го цитира Нова Македонија метеорологот Пеце Ристевски чија специјалност се климатските промени и нивното влијание во Македонија. На климата ѝ се фаќа крајот, барем ја предвидуваат нејзината каприциозност, ама на политиката никој не ѝ може ништо.
Курбан-бајрам ги подели балканските муслимани поради влијанијата на Турција и Саудиска Арабија: Македонија и Албанија го слават еден ден порано од другите муслимани во опкружувањето.
Дневник.

И празнувањето на определени датуми кај нас и овде, на Балканов, може да влезе во сите рубрики за чудесни случки: „Курбан-бајрам ги подели балканските муслимани поради влијанијата на Турција и Саудиска Арабија: Македонија и Албанија го слават еден ден порано од другите муслимани во опкружувањето“, објавува во наслов Дневник.
Опозициските лидери го потпишува договорот за коалиција.
Опозициските лидери го потпишува договорот за коалиција.

Наталитетот - нова политичка тема или бегство од реалноста?
Утрински весник.
Вечер форсира помирување помеѓу МПЦ и СПЦ: „Никогаш поблиску до затворање на црковниот спор - Николиќ ги размрда двете цркви“.
„И опозицијата била ВМРО, ама не ДПМНЕ“, наведува Дневник информирајќи за потпишувањето документ од страна на партиите од македонскиот опозициски блок, без ДПА, на Денот на македонската револуционерна борба, со што и со потпис го официјализираа здружувањето против политиката на актуелната власт. Притоа весникот како куриозитет го објавува детаљот дека Георгиевски, специјално за пригодата ставил сина вратоврска во чест на СДСМ.

„Црвенковски и Георгиевски ќе ја кројат иднината на Македонија“, пишува, по малку тенденциозно, за истиот настан Нова Македонија, а Вечер подбивно насловува: „Сојузот за иднината нема будуќност“, објавувајќи мислења на некои експерти кои предвидуваат разочарано членство и брз распад на коалицијата.

Ден напиша: „Партискиот идентитет во замена за Иднината сега“. Наталитетот кој станува преокупација на владејачката партија, особено по загриженоста што во говорот на прославата на 23 Октомври ја искажа премиерот Груевски, го инспирира Утрински да оди со наслов: „Наталитетот - нова политичка тема или бегство од реалноста?!“. Нова Македонија, пак, во наслов ги објавува проценките на државните статистичари дека во изминатите десетина години од Македонија се иселиле само 10.000, а не 447.000 граѓани, како што тврди опозициската СДСМ.

Утрински ја обработува информација дека сметките за радиодифузна такса што ги испраќа деновиве МРТ се под лупа на инспекторите - од каде им се личните податоци за граѓаните, а дека МВР и УЈП се оградуваат од новиот регистар подготвен од страна на јавниот сервис.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG