Достапни линкови

МАНУ бира нов претседател


Што може да се очекува од новиот претседател на МАНУ? На институцијата изминатите 20 години и се припишуваше пасивност во сферата на државничките работи.

Низ тешкиот транзициски период честопати соочени со суштински и нерешливи проблеми од економска општествена и политичка природа, очите ни беа вперени во Македонската академија на науките, каква улога може да одигра во таквите моменти. Од она што е светска пракса, но и според духот на врвната научна институција којашто барем според имиџот им оддаваше признание на истакнатите, таа требаше да биде синоним за квалификуван збор, за врвно знаење и вистинска проценка на историскиот момент. За жал, од таму најчесто произлегуваа памфлети, почесто пасивност и повремено бранување произлезено од екстремни или екстремистички испади. Од нејзината организациона поставеност и начин на функционирање од оваа установа засега не можеме да очекуваме ниту во иднина поинаков настап без оглед кој ќе застане на челото на оваа институција велат дел од научните работници.
Треба да има соодветни институционални капацитети да постојат цел одделенија и институти внатре во такви големи институции коишто детално ќе се занимаваат со проучување на проблематиката за да може да се изнесат заклучоци коишто сериозно ќе влијаат врз донесувањето на клучни одлуки за општеството.
Ненад Новковски, универзитетски професор, поранешен министер за образование.

„Треба да има соодветни институционални капацитети да постојат цел одделенија и институти внатре во такви големи институции коишто детално ќе се занимаваат со проучување на проблематиката за да може да се изнесат заклучоци коишто сериозно ќе влијаат врз донесувањето на клучни одлуки за општеството“, вели поранешниот министер за образование и професор на државниот универзитет, Ненад Новковски.

Во изминативе дваесет години Академијата даде одреден придонес во сферата на заштитата на одредени уметнички, но и научни вредности, вели универзитетскиот професор Гордана Силјановска, но на Академијата и недостасуваше активна улога во сферата на државничките работи коишто недостигаа кај политичарите, или поточно во барањето соломонски решенија во тешки моменти. Клучната причина за тоа ја гледа во воведената пракса на лобирање честопати присутна при изборот на членовите на Академијата.

„Тоа ја отапува храброста, строгоста во вреднувањето на нештата во државата“, вели Силјановска.

Од таму треба да се заборави на политичките релации, а да се вреднуваат научните и уметничките потенцијали коишто не секогаш се одлучувачки за влез во МАНУ, велат дел од научните работници. Науката и политката честопати се измешаа во оваа установа па оттаму и дневнополитички превирања кои произлегоа од таму. Во текот на конфликтот во 2001-та година можеме да се присетиме дека од оваа установа произлезе идејата за размена на територии во западна Македонија како еден од начините за надминување на проблемот. Пред неколку години меѓуетничките односи ги разбранува енциклопедијата којашто ја објави Академијата.
XS
SM
MD
LG