Достапни линкови

Нема консензус за спомениците


Скулптура во Скопје
Скулптура во Скопје

Нема консензус меѓу политичките партии, но и меѓу експертите, а таа поделеност се пренесува и кај граѓаните, околу градењето на споменици на историски значајни личности. Според аналитичарите поделеноста ја предизвикува тоа што како општество сеуште сме во фаза на ревалоризирање на историјата и на одредени историски сегменти.

Изминатата година се појавија многу полемики, размислувања, негодувања и одобрувања за градењето споменични и инфраструктурни обележаја во градот, а во поделеноста на перцепцијата меѓу луѓето имаше во голем дел влијание и партиската енергија. Мислам дека изгледот на просторот во градот не е прашање дали, туку како треба да се осмислува, вели социологот Илија Ацевски.Спомениците се симболи по кои местата добиваат идентитет и кога велите на пример, кај таа скулптура, асоцијаците кај луѓето се кога истата е создавана, како е создавана и затоа за спомениците се бара општ консензус, вели Ацевски:
Ако кажете сега за или против, тоа значи дека вие сте опозиција или позиција, што немора да значи за оние кои што размислуваат малку пообјективно, пошироко


,,Ако кажете сега за или против, тоа значи дека вие сте опозиција или позиција, што немора да значи за оние кои што размислуваат малку пообјективно, пошироко. Тоа е една една партиска борба, спротивставување кое што се пренесува и во самата перцепција и тоа го знае СДСМ, тоа го знае и ВМРО ДПМНЕ кога беше во опозиција, тоа е правило, но како да ги смири тие страсти, таа моќ и да ги пренесе во тој граѓански сектор, во она што се нарекува граѓани на еден град. Тука е проблемот.“

Во ваква атмосфера беше спречено градењето на некои објекти, како на пример на црквата Свети Константин и Елена, а од друга страна без да се смири партиската енергија меѓу власта и опозицијата и без да се растовари тој партиски сегмент, од градот дојдоа најавите дека во Скопје во 2010 година ќе почне реконструкција на плоштадот. На овој простор според идејата на актулниот градоначалник ќе му буде вратена калдрмата што пред неколку години беше отстранета од претходните раководства , а концептот беше објаснет и како практичен бидејки плоштадот ќе се раскопува поради поставувањето фонтана и споменик на Александар Македонски. Има повеќе објаснувања на причините зошто нема консензус, кој личности и настани треба да се одбелажат и во кој ранг и со каков белег:

,,Мислам дека сеуште се во фаза на ревалоризирање на историјата, на одредени историски сегменти, на личности, во таа смисла можеме навистина да прифатиме дека не сме се занимавале многу со одредени значајни сегменти од нашата национална историја,
Мислам дека сеуште се во фаза на ревалоризирање на историјата, на одредени историски сегменти, на личности
меѓутоа длабоко сум убеден дека процесот е незавршен и незатворен и дека тоа зрее заедно со другите историски собитија кои на европска и светска почва се случуваат, а коишто директно влијаат на она што се случува во Македонија.“

вели на оваа тема историчарот на уметност Кокан Грчев. Пред една година претставници на МАНУ излегоа со оценка дека како држава не се бавиме доволно со одредени значајни сегменти од историјата, забележувајќи дека немаме монументални споменици, на пример на Крсте Мисирков, на Цар Самоил, а дека за Гоце Делчев има обележје единствено во паркот, но оти тоа не е доволно. Јани Антониев поранешен директор на Заводот за заштита на спомениците на културата, инсистира дека е потребна осмислена програма на државата.

,,Од некаков локалпатриотизам се правени споменици, за прилепчани во Прилеп, за битолчани во Битола, меѓутоа некои дејци кои што имаат поголемо значење, треба да заземат централно место во државата и тоа по осмислена програма на дражавата.“

Во давањето почит на дел од личностите од историјата треба да се земе предвид вкупниот историски контекст од антиката до денес, сметаат компетентните. И додека важноста на историските пунктови како потребни за бележење на сопствениот идентитет ја констира и потребата од поширока расправа, историчарите потсетуваат зошто оваа тема треба да добие соодветно место во актуелниот општествен контекст:

,,Тоа го правиме за оваа генерација и за идните генерации, заради тоа што луѓето сепак треба, кои што живееат во минатото, да ја профилираат и својата иднина како однесување, како достоинството кон она што поминало и она што следува во натамошното живеење.„

изјави истричарот Новица Велјановски.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG