Достапни линкови

(Не)Реална слика?


Поинаква слика отколку на реклама
Поинаква слика отколку на реклама

Владините рекламни кампањи нудат убава слика, но прикажаното на рекламите е далеку од реалноста, велат граѓаните.

Ако момчето ве побара да бидете негова сопруга и вие не му одговорите значи сте се согласиле. Истото важи и за институциите, ако не ви дадат одговор за 15 дена тоа значи потврден одговор. Здравството ни е модернизирано, сега лекарите ќе може да работат многу подобро, демек редовите за чекање ќе се намалеле. Земјоделците и социјалните случаи биле повторно среќни, сега државата им давала земјиште за обработување и поволни услови за откуп на земјоделска опрема. Блажена насмевка и
Земјоделски машини исто не видов дека некому се даваат, така што тоа се е само на телевизија. Даваме, даваме, даваме, ама фактички ништо не даваме.
живот е повторно убав. Ваков впечаток се добива кога ќе поминете еден ден пред телевизор гледајќи ги рекламните кампањи на министертвата кои се вртат на речиси сите медиуми.

Земјоделците се незадоволни. Велат дека со кампањите се создава лажна слика за нивната релноста. Земјоделецот Зоран Ангелковски вели дека она што се прикажува на телевизија е само фалење на владата, а состојбата во земјоделството во последниве неколку години е влошена.

„Да земјиште има ама колкави се цените на тоа земјиште. Што ќе извадиш и кое земјиште го нудат? Го нудат земјиштето во ридско-брдските места. Земјоделски машини исто не видов дека некому се даваат, така што тоа се е само на телевизија. Даваме, даваме, даваме, ама фактички ништо не даваме.“


Кај граѓаните кои не се запознаени со вистинските состојби, владините камапањи покажуваат резултати. Дел од граѓаните во центарот на Скопје велат дека состојбите во земјоделството, на пример, се подобрени.

„Па навистина на земјоделците им е поубаво. Пари им даваат, се им
На земјоделците им е поубаво. Пари им даваат, се им даваат.
даваат.“

„Па мислам дека до некој степен да, ама не знам какво е задоволството на тие земјоделци, можеби треба тоа да го почувствуваш, да бидеш во нивна кожа за да знаеш дефинитивно дали е така или не.“

„И јас така слушам ама не знам дали е така.“

Основната улога на медиумските кампањи треба да биде едукација и информирање за определени проекти, но наместо тоа, со нив се создава лажна слика за реалноста велат експертите.
Целта е да се создадат одредени ставови, чувства, перцепција кај јавноста, затоа и се трошат тие пари.


Комуникологот Климе Бабунски вели дека целта на кампањите е да ги прикажат проектите во најдобро можно светло.

„Целта е да се создадат одредени ставови, чувства, перцепција кај јавноста, затоа и се трошат тие пари. Вистинскиот одговор за евентуалниот успех или неуспех на кампањите, во убедувањето или разубедувањето на јавноста, ќе го покажат изборите.“

Бабунски смета дека по секоја кампања вообичаено треба да направи проценка за да се види какви резултати се постигнати, дали се оправдано потрошени парите, но како што вели, досега ниту една влада не спровела такво истражување.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG