Достапни линкови

Ајде на садење, батали политика


Под овој слоган се одржa акцијата „Ден на дрвото“. Граѓаните против денешниот неработен ден, кој ќе се одработува во сабота.

ДА за зеленило и чиста животна средина, НЕ за уште еден неработен ден, кој ќе биде одработуван следната сабота. Вака размислуваат граѓаните кои денеска ги сретнавме на улица.
За повеќето од нив, потребата денешниот ден да биде неработен е неоправдана.Садењето дрвца, може да се прави пред и после работното време, можат да го прават учениците и пензионерите, велат анкетираните.
Младината преку училиштата организирано можат да го прават тоа, па и пензионерите се слободни... Како што излегува повеќе неработни денови отколку работни
имаме.


„Да се засадува, ама да не се одработува.“

„Нека си посадат дрва, убаво е тоа, бидејќи загаден е воздухот па потребно е зеленило, ама државен празник не знам.“

„Младината преку училиштата организирано можат да го прават тоа, па и пензионерите се слободни... Како што излегува повеќе неработни денови отколку работни имаме.“

„Премногу слободни денови.“

„Садењето на дрвја може сабота и недела, а вака нема логика работен ден да се земе, а после во сабота да се работи.“


И упатените изразуваат сомневање околу начинот на кој се изведуваат овие акции. Тоа треба да се прави организирано и по однапред направена програма каде и како ќе се садат дрвцата, сугерира професор Јане Ацевски од Шумарскиот факултет во Скопје.

„Сега малку стихијно, се решава веднаш на лице место, има оваа година треба толку и треба да се бараат површини. Акцијата е повеќе за масовност, треба цела едукација, а не толку правење на квалитетни шуми.“

Ацевски посочува дека професорите од Шумарскиот факултет ги дале
Садењето на дрвја може сабота и недела, а вака нема логика работен ден да се земе, а после во сабота да се работи.
насоките врз основа на кои треба да се изработи стратегија во која ќе стои каде, во кој период, на која површина и со какви садници треба да се врши пошумувањето. Досега таа не била изработена оти немало финансиер кој тоа ќе го реализира.

Некои од невладините организации кои порано учествувале во оваа акција, велат дека од неразјаснети причини, повеќе не се дел од неа, иако биле иницијатори на ваков тип проекти.

Акцијата се повеќе добива во масовност, а со реклами и медиумска покриеност се обидува да стане бренд, вели дел од невладиниот сектор.
Денешната акција на садење дрва е седма по ред, а случајно или не во време кога политиката и предизборните подготовки се дел од македонското секојдневие е насловена како „Ајде на садење, батали политика бар денес“.
Планирано е денеска да бидат засадени над три милиони дрвца. Иницијативниот одбор „Ден на дрвото“ најави дека во октомври Македонија ќе организира балканска акција за засадување дрвца.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG