Мистеријата со авионот на Малезија ерлајнс
Дел од авионско крило што вчера бил пронајден на еден остров на Индискиот океан би можело да биде од Боингот 777 на Малезија ерлајнс што мистериозно исчезна на 8 март минатата година. Според експертите, наскоро ќе се знае дали остатокот е од авионот во кој имало 239 патници и членови на екипажот.