Достапни линкови

ВО ЖИВО: Иванов и Пендаровски во втор круг

Граѓаните на Македонија гласаа за претседател на државата. На нашата интернет страница можете да се информирате во живо, преку вести, снимки и ваши пораки, за се она што е најактуелно во врска со гласањето, одѕивот и првичните резултати.

11:49 8.4.2014
Едукативно видео од ДИК за правилата и начинот на гласање, како и за целиот изборен процес.
13:13 11.4.2014
Пријави неправилности!

Во канцеларијата на Народниот правобранител во недела на 13 април, на денот на одржување на првиот круг на изборите за претседател на Република Македонија, во периодот од 7 до 19 часот функционира бесплатната телефонска линија 0800-54321 на која граѓаните можат да пријават каква било повреда на избирачкото право.
Отворени за граѓаните ќе бидат сите седум канцеларии на Народниот правобранител во Скопје, Битола, Кичево, Куманово, Струмица, Тетово и Штип, со цел да им се помогне во остварувањето и заштитата на нивните избирачки права.
Покрај лично во канцелариите, како и на бесплатната линија, граѓаните ќе можат за заштита на своите права да се јават и на телефонските броеви: Тетово 044 344-082, Струмица 034 329- 996, Кичево 045 228-586, Битола 047 242-310, Штип 032 389-701 и Куманово 031 431-488.
Народниот правобранител, правата на граѓаните ќе ги штити со преземање на итни мерки за ефективно постапување од страна на надлежните органи во изборниот процес и другите институции кои се должни да им обезбедат заштита на нивните загарантирани права.
И во оваа пригода народниот правобранител потенцира дека избирачкото право е уставно загарантирано како еднакво, општо и непосредно и се остварува на слободни избори со тајно гласање. Никој не смее, се наведува во соопштението, да биде повикан на одговорност заради остварување на ова право, поради што не случајно повредата на слободата на определувањето на избирачите како и други повреди на избирачкото право се казниви дела.
09:58 13.4.2014

Во Република Македонија денеска се одржуваат петтите претседателски избори. На 3.480 избирачки места во земјата право на глас имаат 1.779.572 избирачи. Гласачките места се отворени во 7:00, а ќе бидат затворени во 19:00 часот.
Граѓаните ќе можат да избираат меѓу четворица кандидати.
За претседател ќе биде избран кандидатот кој денеска ќе освои мнозинство гласови од вкупниот број евидентирани гласачи.
Ако никој не го добие потребното мнозинство, по 14 дена, на 27 април, ќе се организира втор круг во кој одат двајцата кандидати кои добиле најмногу гласови. Ќе победи тој што ќе освои повеќе гласови под услов на гласање да излезат најмалку 40 проценти од вкупното избирачко тело.
10:06 13.4.2014
Време - погодно за гласање
Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Температурата ќе се движи од 15 до 22 степена.
Во Скопје и околината температурата ќе достигне до 20 степени.

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG