Достапни линкови

ВО ЖИВО: Иванов и Пендаровски во втор круг

Граѓаните на Македонија гласаа за претседател на државата. На нашата интернет страница можете да се информирате во живо, преку вести, снимки и ваши пораки, за се она што е најактуелно во врска со гласањето, одѕивот и првичните резултати.

21:12 13.4.2014
Тачи: Денешните гласови за две недели ќе се преточат во 13 до 14 пратеници
Лидерот на ДПА Мендух Тачи е задоволен од резултатот што го постигна нивниот кандидат за претседател, Илјаз Халими на денешните претседателски избори. Тој очекува, на парламентарните избори за две недели овие гласови да се преточат во 13 или 14 пратеници.
21:01 13.4.2014
Сајковски: Организирани успешни, фер и демократски избори
Република Македонија денеска организира успешни, фер и демократски претседателски избори, оцени вечерва Влатко Сајковски, член на Државната изборна комисија.
20:50 13.4.2014
ГРОМ: Изборите релативно фер и демократски
Гласањето на претседателските избори 2014 година од изборниот штаб на претседателскиот кандидат на ГРОМ ги оценија како релативно фер и демократски.
20:41 13.4.2014
Османи: Изборите во мирна и демократска атмосфера
Изборите поминаа во мирна и демократска атмосфера што беше и нашата примарна цел, независно што ние на овие избори немавме кандидат и проценката ја имаме од средствата за јавно информирање и нашите претставници во избирачките комисии, изјави вечерва портпаролот на ДУИ Бујар Османи.

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG