Достапни линкови

Владата се задолжува, банките профитираат


Владата денеска се задолжува за 119 милиони евра, за утре да врати 135 милиони евра. Во услови на воздржано кредитирање на стопанството, ова е шанса за дополнителна заработка на банките.

Владата денеска планира на домашниот пазар да се задолжи 119 милиони евра, а веќе утре ќе треба на банките од земјава да им врати 135 милиони евра. Во услови кога банките се воздржани од поголемо кредитирање на економијата, ова е алтернативна можност да пласираат средства и да заработат од нив определна камата, вели поранешниот гувернер на Народна банка Петар Гошев. Се разбира тоа има влијание врз насочувањето на кредитиниот потенцијал на банките, меѓутоа не премногу, додава Гошев.
Поради тоа што банките во целиот овој период се воздржани од кредитирање поради ризиците што ги чувствуваат и поради тоа што банките повторуваат постојано дека нема добри програми коишто би ги поддржале. Од друга страна присутни се и бројките кои говорат за континуирано зголемување на нефункционалните кредити, односно на делот од кредити кои нередовно се враќаат на банките, така што се разбира дека тоа е една алтернатива којашто на банките им олеснува.
Петар Гошев, поранешен гувернер на НБРМ.

„Поради тоа што банките во целиот овој период се воздржани од кредитирање поради ризиците што ги чувствуваат и поради тоа што банките повторуваат постојано дека нема добри програми коишто би ги поддржале. Од друга страна присутни се и бројките кои говорат за континуирано зголемување на нефункционалните кредити, односно на делот од кредити кои нередовно се враќаат на банките, така што се разбира дека тоа е една алтернатива којашто на банките им олеснува.“

Економскиот аналитичар Висар Адеми вели дека основната дејност на комерцијалните банки во земјава е не да и даваат кредити на владата и да ги инвестираат парите во благајнички записи, туку нивната главна дејност треба да биде развој на приватниот сектор. Според него, потребни се поволни кредити на малите и средните претпријатија за да можат тие пари да ги користат за развојни цели, да се создадат нови работни места и да се донесат свежи пари во економијата.

„Јас искрено не ја разбирам оваа политика на комерцијалните банки, но тие се во една комфорна зона затоа што знаат дека парите што ги даваат на владата имаат многу ниска стапка на ризик, втората работа е преку инвестирање во тие благајнички записи. Мислам дека овие се двете активности кои ги ставаат во една многу комотна позиција за да не мислат за кредити каде стапката за ризик е малку повисока. Јас не гледам зошто тие би ја промениле таа политика.“

Според Гошев, има вистина во тоа дека компаниите не нудат доволно добри проекти за да добијат кредит.

„Тоа е заеднички проблем на економската политика, на компаниите и на банките коишто треба да бараат решение како треба да се зголеми кредитирањето, без да се зголеми премногу ризикот. Без ризик не може, но како ризикот да е во рамките на прифатливоста.“

Според експертите, економијата не може да оживее без соодветно ниво на кредитирање.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG