Достапни линкови

Кризата ќе продолжи, економијата нема да процвета


Година без економска перспектива, зголемување на сиромаштијата и невработеноста, мал пораст на бруто домашниот производ, пад на индустриското производство. Економските аналитичари прогнозираат голема неизвесност и песимистички сценарија за економската иднина на Македонија.

Според последните податоци на министерството за финасии, долгот на централната влада во ноември изнесува 30,7 проценти од Бруто домашниот производ и во однос на месеците претходно се забележува тренд на континуиран пораст. Во исто време и Народната Банка објави дека расте и надворешната задолженост на земјата. Надворешниот долг надмина 5 милијарди евра. Од оваа сума речиси 1,6 милијарди евра кон странство должи само државата. За економските експерти, апсурдно е да се земаат надворешни кредити за покривање на внатрешни долгови.
Значи тоа не го прави ниту една држава во cветот, да земате надворешни кредити, што е ризично за земји како Македонија, затоа што морате да имате висок извоз за да ги финансирате тие кредити потоа, да ги враќате, а тие земаат надворешни кредити со цел да враќаат ДДВ на домашниот пазар, што е многу неповолна варијанта, потоа ќе треба да се враќаат тие девизи во странство.
Никола Поповски, поранешен министер за финансии.

„Значи тоа не го прави ниту една држава во светот, да земате надворешни кредити, што е ризично за земји како Македонија, затоа што морате да имате висок извоз за да ги финансирате тие кредити потоа, да ги враќате, а тие земаат надворешни кредити со цел да враќаат ДДВ на домашниот пазар, што е многу неповолна варијанта, потоа ќе треба да се плаќаат тие девизи во странство“, вели поранешниот министер за финансии Никола Поповски.

Странски кредити за внатрешни долгови

Ако продолжи трендот на нови задолжувања за исплата на тековните трошоци, последиците ќе ги почувствуваат идните генерации, кои ќе ги отплаќаат кредитите, предупредува поранешниот заменик министер за финансии Зоран Витанов. Во државата се спроведува политика на преживување, вели тој.
Уште поризично овде е што мислам дека владата популистички оди на зголемување на пензиите, а се знае дека нема друг начин да се зголемат пензиите освен со ново задолжување, бидејќи ниту има нови вработувања ниту пак пораснале просечните плати во државата од кадешто се храни во најголема мера фондот. Тука е прашањето ние што правиме, ние популистички задоволуваме една група на граѓани, а тоа е пензионерите кои се на избори најактивни, а од друга страна сето тоа го правиме на сметка на другите генерации. Тоа е класична политика на преживување од денеска до утре, па нека му ја мисли тој што подоцна ќе дојде на власт.
Зоран Витанов, поранешен заменик министер за финансии.

„Уште поризично овде е што мислам дека владата популистички оди на зголемување на пензиите, а се знае дека нема друг начин да се зголемат пензиите освен со ново задолжување, бидејќи ниту има нови вработувања ниту пак пораснале просечните плати во државата од кадешто се храни во најголема мера фондот. Тука е прашањето ние што правиме, ние популистички задоволуваме една група на граѓани, а тоа е пензионерите кои се на избори најактивни, а од друга страна сето тоа го правиме на сметка на другите генерации. Тоа е класична политика на преживување од денеска до утре, па нека му ја мисли тој што подоцна ќе дојде на власт. “

Во услови кога не можете да обезбедите домашна акумулација и кога полнењето на буџетот не се остварува со предвиденото темпо, задолжувањето е еден од начините да се овозможи фискална одржливост. Имајќи ги предвид слабата стапка на раст и состојбите во националната економија, оправдани се стравувањата околу нивото и капацитетот на задолжувањето и неговата одржливост на подолг рок, вели универзитетскиот професор Зоран Ивановски.

„Во прилог на тоа одат би рекол и досега најпесимистичките прогнози за потенцијалниот раст на македонската економија, која и покрај скромниот планиран раст од 2, 5 проценти, повеќето надворешни финансиски институции ја проектираат на некаде 1 отсто. Во такви услови проблемот на задолженоста може да стане поизразен и покомплициран за решавање и негова одржливост на подолг рок. Она на што треба да внимава владата е сепак да не излегува од лимитите кои се утврдени во однос на буџетскиот дефицит и нивото на задолженост на Република Македонија.“
Во прилог на тоа одат би рекол и досега најпесимистичките прогнози за потенцијалниот раст на македонската економија, која и покрај скромниот планиран раст од 2, 5 проценти, повеќето надворешни финансиски институции ја проектираат на некаде 1 отсто. Во такви услови проблемот на задолженоста може да стане поизразен и покомплициран за решавање и негова одржливост на подолг рок. Она на што треба да внимава владата е сепак да не излегува од лимитите кои се утврдени во однос на буџетскиот дефицит и нивото на задолженост на Република Македонија.
Зоран Ивановски, универзитетски професор.

Во своите обраќања пред јавноста, неколкупати досега министерот за финансии Зоран Ставрески изјави дека Македонија е се уште ниско задолжена земја и дека секој прибран денар во буџетот се исплаќа на фирмите за поврат на ДДВ, се исплаќаат за субвенции во земјоделието, за исплата на градежните компании, за реконструкција на училишта и болници. За дел од економските професори ваквите оправдувања се невистинити. Фактот што постојано недостасуваат 200 до 300 милиони евра во буџетот говори за постоење на внатрешен долг којшто никаде не е прикажан, вели универзитетскиот професор Сашо Арсов.
Премиерот Никола Груевски на средба со бизнис заедницата и стопанските комори.
Премиерот Никола Груевски на средба со бизнис заедницата и стопанските комори.

„ Прво треба да се има предвид дека парите се враќаат на други субјекти затоа што државата им останала должна на тие субјекти. И министерот прво треба да одговори зошто државата им останала должна, зошто не ги враќала тие пари навреме. Второ треба да се каже дека овие пари кои сега се позајмуваат, ќе ги враќаат идните генерации и воопшто не можам да кажам дека Македонија е средно или ниско задолжена земја од причина што тоа се коефициенти што статистички се пресметуваат, тоа е исто како да кажете дека еден кошаркар е висок 2 метри и тој е подобар од оној кој е висок 1,9 метри, тоа воопшто нема врска.“
Прво треба да се има предвид дека парите се враќаат на други субјекти затоа што државата им останала должна на тие субјекти. И министерот прво треба да одговори зошто државата им останала должна, зошто не ги враќала тие пари навреме. Второ треба да се каже дека овие пари кои сега се позајмуваат, ќе ги враќаат идните генерации и воопшто не можам да кажам дека Македонија е средно или ниско задолжена земја од причина што тоа се коефициенти што статистички се пресметуваат, тоа е исто како да кажете дека еден кошаркар е висок 2 метри и тој е подобар од оној кој е висок 1,9 метри, тоа воопшто нема врска.
Сашо Арсов, универзитетски професор.

Пред само неколку дена Македонија врати долг од 175 милиони евра, раздолжувајќи ја Еврообврзницата што ја зема во 2009 година. Станува збор за сума што Владата пред трипол години ја обезбеди преку задолжување на меѓународниот финансиски пазар. Каматната стапка за Еврообрзницата изнесуваше 9,87%. Ова задолжување беше спроведено во кризна година, кога пристапот до свежи пари на пазарите беше отежнат. Токму со ова Владата тогаш ја правдаше високата цена на задолжувањето.

Задолжувања во функција на предизборна подготовка
Премиерот Никола Груевски присуствуваше на свечена божиќна литургија во црквата „Св. Петка“ во Скопје.
Премиерот Никола Груевски присуствуваше на свечена божиќна литургија во црквата „Св. Петка“ во Скопје.

За економските експерти последните задолжувања на Владата се во функција на предизборна подготовка. Токму пензионерите и социјалните категории ќе бидат дел од таа машинерија преку која ќе се ловат партиските гласови, вели економскиот аналитичар Висар Адеми. Од друга страна тој предупредува дека секое ново задолжување ќе предизвика сериозни последици за кревката национална економија.
Владата треба да се фокусира на субвенционирање на извозниот сектор, да се фокусира на претприемаштвото, но не на класичното претприемаштво, туку на претпримештво кое се базира на иновации и креативност на млади луѓе, на странските инвестиции, тие задолжувања треба да се фокусираат таму.
Висар Адеми, економски аналитичар.

„Владата треба да се фокусира на субвенционирање на извозниот сектор, да се фокусира на претприемништвото, но не на класичното претприемништво, туку на претпримништво кое се базира на иновации и креативност на млади луѓе, на странските инвестиции, тие задолжувања треба да се фокусираат таму.“

За професор Арсов, најспорен е фактот што со дел од надворешните заеми се финансираат долговите кон компаниите, односно повратот на ДДВ што претставува и законска обврска на Владата. Новопроектираниот буџет кој на 24 декември без присуство на опозицијата беше усвоен во македонското собрание, остава простор за нови задолжувања.

„Сите оние трошења што се непотребни, како што се разно разни пропаганди на државата, кампањи или вложувања во непродуктивни добра како споменици и фасади и слично кои очигледно ги има, налагаат повеќе трошење отколку што би требало да го има. Самиот факт што имаме буџетски дефицит проектиран на 3,5 проценти, вели задолжување ново, тоа самото тоа го кажува. Наместо да го скратиме тој дефицит и да не одиме на ново задолжување со овие трошења што ги споменав што не мора да се направат, оваа влада не прави напор тоа да го направи и едноставно оди во тој правец.“
Ние пред неколку месеци се договоривме со владата сето она што го должи, се мисли на сите неплатени фактури од владата кон стопанството ќе бидат платени заклучно со крајот на февруари оваа година, а исто и еден друг сегмент, а тоа е ДДВ-то кое не се враќаше во законски рок, дека од крајот на февруари ќе се сведе враќањето на враќање во законски рок.
Мирче Чекреџи, Сојуз на Стопански комори.

Стопанството се надева на парите кои им ги должи Владата

Стопанствениците пак се надеваат дека Владата ќе им го исплати она што им го должи. Од Сојузот на стопански комори велат дека им било ветено до крајот на следниот месец ќе се исплати долгот кон компаниите, а тоа директно ќе се одрази на ликвидноста на домашните претпријатија.

„Ние пред неколку месеци се договоривме со владата сето она што го должи, се мисли на сите неплатени фактури од владата кон стопанството ќе бидат платени заклучно со крајот на февруари оваа година, а исто и еден друг сегмент, а тоа е ДДВ-то кое не се враќаше во законски рок, дека од крајот на февруари ќе се сведе враќањето на враќање во законски рок“, вели Мирче Чекреџи од Сојузот на Стопански комори.

Професор Јован Пејковски објаснува дека задолжувањето е оправдано ако средствата се користат за продуктивни цели, за отворање на нови работни места и за одржување на развојните економски текови.
Решението е во мобилизирање на потенцијалите, ресурсите, инвестициите, инвестиции во отворање на нови работни места, па макар и преку задолжување. Ако задолжувањето се користи за продуктивни намени и остварува раст, развој , тогаш се оправдани. Преку задолжувањето се врши активација на потенцијали коишто во една идна фаза ќе ги враќаат обврските, а остваруваат раст и развој, односно ги шират можностите за економска активација.
Јован Пејковски, универзитетски професор.

„Решението е во мобилизирање на потенцијалите, ресурсите, инвестициите, инвестиции во отворање на нови работни места, па макар и преку задолжување. Ако задолжувањето се користи за продуктивни намени и остварува раст, развој, тогаш се оправдани. Преку задолжувањето се врши активација на потенцијали коишто во една идна фаза ќе ги враќаат обврските, а остваруваат раст и развој, односно ги шират можностите за економска активација.“

Македонија во 2009 година донесе одлука за задолжување откако во првата половина од годината, поради кризата, буџетските приходи покажаа значајно потфрлување. Притисната од потребата да ја обезбеди буџетската конструкција за финансирање на тековните трошења, Владата се одлучи на брз начин да дојде до пари. Едната опција беше скапото задолжување со еврообврзница, но во игра беше и поевтино задолжување од ММФ, кое, пак претпоставуваше и условувања за начинот и динамиката за трошење на парите.

Тогаш владините претставници велеа дека за имиџот на државата е подобро задолжување со еврообврзница, оти на тој начин државата ја покажува својата моќ да одговори на сите предизвици. За експертите пак беше логично државата да не се откаже од помошта на ММФ оти скапите пари ја доведуваат до ситуација на должничка криза.
Очигледно дека нема услови да биде подобро. И движењата на поширок план во Европа никој не очекува во 2013 да биде подобро, а најмалку ние имаме право да очекуваме подобри движења.
Џевдет Хајредини, поранешен министер за финансии.

Првата еврообрзница Македонија ја издаде во 2005 година, во мандат на СДСМ, кога министер за финасии беше Никола Поповски. Вредноста на ова задолжување изнесуваше 150 милиони евра, а каматата, која се уште се плаќа изнесува 4,62 проценти.

Опозицијата предвидува грчко сценарио за Македонија

Македонската опозиција тврди дека сите дупки во домашната економија и во буџетот се покриваат со задолжувања во странство. Предвидуваат грчко сценарио во моментот кога се ќе застане зошто ваквиот тренд не може да се одржи на подолг рок. Власта пак тврди дека Македонија е пример за дисциплинирано водење фискална политика и за дисциплинирано водење на политиката на државен долг. Министерот Ставрески тврди дека Македонија и македонската економија во последниве пет години имаше многу подобри остварувања отколку грчката економија и дека македонската ќе биде многу постабилна.

На крајот од годината владејачкото мнозинство во скратена постапка го усвои законот за задолжување од 250 милиони евра кај Дојче Банк, зад кој како гаранција стои Светска Банка. Новото кредитно задолжување е со рок на отплата од седум години а долгот ќе се враќа на две рати. Експертите велат дека задолжувањето кај комерцијални банки се прави поради тоа што веќе ги искористила фондовите од другите релевантни финансиски институции.

„Владата се задолжува преку комерцијалните банки, не затоа што сака тоа да го направи, затоа што во повеќе наврати се искористени фондовите на тие меѓународни, странски финансиски институции и сега веќе тој лимит е достигнат“, вели Адеми.

Песимистички предвидувања за економијата

За жал повеќе песимистички отколку оптимистички се очекувањата на упатените за тоа каква економска година не очекува. Поранешниот министер за финансии Џевдет Хајредини очекува полоша економска слика во 2013.

„Очигледно дека нема услови да биде подобро. И движењата на поширок план во Европа никој не очекува во 2013 да биде подобро, а најмалку ние имаме право да очекуваме подобри движења.“

И стопанствениците не кријат дека годината ќе биде тешка, но од Сојузот на стопански комори велат дека ќе продолжат да работат на решавање на внатрешните проблеми со кои се соочува домашната економија.

„Во цела Европа беше стопанска криза, тоа не може да не влијае на нашата економија, која е многу малечка, многу отворена кон другите држави, според тоа секоја нестабилност во еврозоната се отсликува и на нас. Меѓутоа ние си имаме и домашни проблеми, тука пред се мислам на неликвидноста, на недостатокот на финансиски средства во стопанството и така натаму, тоа се проблеми кои час поскоро Стопанските комори треба во содејство со владата да изнајдат решенија, да ги предложат и поефикасно да се борат со кризата“, вели Чекреџи.

Би сакал да сум оптимист дека македонската економија ќе има подобри денови, но самиот факт што нашата економија е поврзана со европските економии кои исто така минуваат низ кризна година, ме прави песимист, вели Адеми.

„Во 2013-та да бидам реален не очекувам некаков раст, затоа што и самите земји што се од Европска унија кои тргуваат со нас, имаат обем на трговија малку повисок од другите што немаат криза, мислам дека се фокусираат на реформи на нивните економии, така да Македонија ја очекува многу кризна година

И според Витанов 2013 година ќе биде година на економска стагнација. Потребен е национален консензус за најважните економски прашања, разумен и прифатлив концепт кој во овој момент според него го нема ниту власта ниту опозицијата.

„Стагнација целосна, БДП нема да порасне воопшто, индустриското производство и натаму ќе паѓа, денарот е поскап, а тоа стимулира увоз, не стимулира извоз, а од тоа се знае дека нема да имаме ново производство, нема да имаме нови погони, нема да имаме нови работни места во реалниот сектор и сиромаштијата следствено на сето ова што го зборев ќе порасне.“

Економистите предупредуваат дека ако се прават нови долгови за да се плаќаат старите кредити , а притоа долгот не се намалува, туку се зголемува, државата може да влезе во спирала на задолжување од која потоа тешко ќе излезе.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG