Достапни линкови

Потребни повеќе мерки за превенција од алкохолизам


Во државата има преку 60.000 зависници од алкохол, од нив 25.000 се само од Скопје. Според медицинските стручњаци, причини за посегање по чаша алкохол има толку, колку што има и алкохоличари.

Прилепчанката Каролина Ѓореска има 48, а со години е алкохолен апстинент. Таа станала свесна дека со секојдневно пиење станала алкохоличар, откако гледала емисија на телевизија, во која медицински стручњаци говореле за симптомите на оваа болест на зависност. Следниот ден, заминала да бара лекарска помош.
ас апстинирам некаде 16 години. Од која возраст сум почнала, 18, 19 години, бев несреќно омажена, тоа беше изговорот, не требаше тоа да биде, ама се случи. Имаше интервју на телевизија и јас се препознав себе си, на мојата природа алкохолот делуваше смирено, ама за брзо време пропаднав.
Каролина Ѓореска.

„Јас апстинирам некаде 16 години. Од која возраст сум почнала, 18, 19 години, бев несреќно омажена, тоа беше изговорот, не требаше тоа да биде, ама се случи. Имаше интервју на телевизија и јас се препознав себе си, на мојата природа алкохолот делуваше смирено, ама за брзо време пропаднав“, ја раскажува својата приказна Ѓореска.
Каролина Ѓореска, алкохолен апстинент од Прилеп.
Каролина Ѓореска, алкохолен апстинент од Прилеп.

Според медицинските стручњаци, причини за посегање по чаша алкохол има толку, колку што има и алкохоличари. Но, главно првиот контакт, првата капка алкохол се конзумира во семејството, а речиси и да нема родители, кои им ги објаснуваат штетните последици од оваа болест на зависност. Дури чудно е како во семејства на алкохоличари, родителите ги канат своите деца да пијат рамно со нив на иста маса. Последиците се огромни, колку за зависникот, толку за неговото семејство, за работната средина, за пошироката заедница.
Препорачувам да се внесе еден предмет, здравствено воспитување во училиштата, во кој меѓудругото во тој здравствен програм ќе се внесе и програмата алкохолизам. Би сакала да ги нема овие реклами што ги има по градовите и патиштата, големите билборди каде што се рекламираат алкохолни пријалоци, сообраќајната полиција нешто почесто да води контрола над учесниците во сообраќајот.
Снежана Ѓорѓиоска, психијатар.

„Еден алкохоличар секогаш лечи до 4 членови од своето семејството, па и соседите, бидејќи прави проблем во околината. Препорака е оние што имаат проблем да се обратат до нас, ние сме спремни да им помогнеме, бидејќи сето тоа го работиме на волонтерска база со поддршка на болницата, невропсихијатриското одделение и пошироката заедница, бидејќи општествен интерес е да го немаме овој проблем со алкохолизмот, особено кај младата популација, каде што имаме комбинирани зависности“, истакнува Јове Велески, специјалист по медицинска психологија и терапевт во прилепскиот клуб на лекувани алкохоличари, „Методија Николоски-Мец“.
Доктор Павлина Васкова, невропсихијатар, претседател на Здружението на клубови на лекувани алкохоличари на Македонија.
Доктор Павлина Васкова, невропсихијатар, претседател на Здружението на клубови на лекувани алкохоличари на Македонија.

Овој клуб работи 33 години, во него се излекувале над 3.000 алкохоличари. И денес со заложбите на тимот волонтери терапевти и медицински сестри од невропсихијатриското одделение се лечат пациентите, им се помага во процесот на нивна ресоцијализација, придружувани од нивните семејства. Не само во Прилеп, во државата има уште 11 други клубови. Низ годините речиси 40-ина згаснале, поради недостиг на финансии за нивно одржување, иако придонесот на овие асоцијации е огромен, дури и финансиски многу поголем, имајќи ги предвид трошоците за болничко лекување на зависниците, бројот на рецидиви, на последиците по здравјето на зависникот и членовите на семејството, на штетите што може да ги предизвика, како учесник во сообраќајот или како работник во фабрика.

„Препорачувам да се внесе еден предмет, здравствено воспитување во училиштата, во кој меѓудругото во тој здравствен програм ќе се внесе и програмата алкохолизам. Би сакала да ги нема овие реклами што ги има по градовите и патиштата, големите билборди каде што се рекламираат алкохолни пријалоци, сообраќајната полиција нешто почесто да води контрола над учесниците во сообраќајот“, вели доктор Снежана Ѓорѓиоска, психијатар, терапевт во прилепскиот клуб.

И од Здружението на клубови на лекувани алкохоличари на Македонија со препорака да се зголемат мерките за превенција, за имплементација на стратегијата за борба против алкохолизмот.

„Да се научи целата популација особено младите, како да живеат здраво, да се веселат, да се дружат меѓусебе, но трезно, а не со алкохол. Значи на нашиот организм алкохол не му е потребен, така да можеме сите активности да ги вршиме без алкохол и нула алкохол е нормално“, вели доктор Павлина Васкова, невропсихијатар, претседател на Здружението на клубови.

А, во државата има преку 60.000 зависници од алкохол, од нив 25.000 се само од Скопје. И ако на сето ова се вклучат и нивните семејства тогаш цела една армија граѓани во Македонија, живеат со проблемот на алкохолизмот.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG