Достапни линкови

Родителите изненадени од бројот на малолетници во дискотеките


Мешани патроли (родители и полиција) во контрола во Прилеп.
Мешани патроли (родители и полиција) во контрола во Прилеп.

Мешаните патроли од родители и полицајци во Прилеп продолжуваат. Угостителите велат дека во нивните локали нема малолетници, но родителите со поинаков став.

Ноќниот живот во прилепските кафулиња и локали кои имаат летни бавчи, каде што забавата трае и до раните утрински часови, не бележи поголеми нарушувања. Но, сепак не е исклучена појавата, малолетници да се затекнат надвор и по полноќ, без родителска придружба и во парковите, но и млади момчиња и девојки кои испиле поголеми дози алкохол. Прашањето е дали без или со знаење на родителите.
Треба првин родителите за децата да си водат сметка, да не бидат толку доцна и да знаат во кои барови одат. Оти можеш да го видиш, еднаш ќе го пуштиш, можеш да му водиш контрола. Ако го пуштиш бескрајно до 2 до 3 часот, сега нема да го начекаш во тој бар, понатаму ќе појде во другиот, а еве гледам дека малолетни полно беа, и мене ме изненади многу.
Виолета Матракоска, родител.

„Дали знаете дека после 24 часот не треба да се движите, дека немате документи? Знаете?“

„Не, ни нема никој кажано, не сме чуле!“

Вака изгледаше средбата и разговорот на Анкица Димовска Крстева, полицаец во прилепската полиција и неколку малолетници на возраст од 14 години во парк во центарот на градот, на половина час пред полноќ. Иста е сликата во старата чаршија, секаде низ градот. А, лицата за обезбедување тврдат дека во ноќните локали строго се почитува законот, дека не се дозволува влез на лица без документи за идентификација.
За негрижа или за нивна напуштеност се поднесуваат одредени пријави во тој дел и од тие причини тие знаат кој треба и до кога нивното дете да се движи. Но, ако тие не го контролираат, ние сме должни, законот нам не обврзува, ние тие деца да ги контролираме, да ги донесеме во полициска станица, да ги известиме родителите и да им ги предадеме онака како што е запазено со редот.
Драган Придаенкоски, командир на прилепската полиција.

„Не се дозволува влез на малолетни лица, се врши нивна идентификација во нивни лични документи, лична карта или патна исправа. Доколку се затекнат лица кои што се под 18 години, значи да се малолетни, не им се дозволува влез во истиот“, категоричен е Бојан Грашески, вработен во агенција за обезбедување којшто се грижи за безбедноста во еден ноќен клуб.

При последната полициска контрола на ноќните локали, летни бавчи и паркови, во придружба на родителите и претставници на Општинскиот совет за превенција, импресиите беа различни.

„Ги посетивме дискотеките и кафулињата низ Прилеп, имаше некои мали забелешки“, оценува Славчо Димоски, член на Советот за превенција.

Но, родителите имаат сериозни забелешки.

„Треба првин родителите за децата да си водат сметка, да не бидат толку доцна и да знаат во кои барови одат. Оти можеш да го видиш, еднаш ќе го пуштиш, можеш да му водиш контрола. Ако го пуштиш бескрајно до 2 до 3 часот, сега нема да го начекаш во тој бар, понатаму ќе појде во другиот, а еве гледам дека малолетни полно беа, и мене ме изненади многу“, реагира Виолета Матракоска.

За поголеми полициски контроли се залага и Рубин Јурукоски, родител на две малолетни деца.

„Секоја акција е добра. Треба да се спроведуваат акции, бидејќи со акциите се дава еден импулс и на децата и самите деца, едноставно ќе размислат пред да земат една чаша алкохол, бидејќи може да се случи нивниот родител да излезе, лично тој да ги види“, вели Јурукоски.

Од прилепската полиција, пак потенцираат дека се преземаат сите мерки во случај кога при редовните контроли се затекнуваат малолетници, особено кои конзумираат алкохол. Во, овој случај, вели командирот на полицијата Драган Придаенкоски, се поднесуваат соодветни пријави против родителите.

„За негрижа или за нивна напуштеност се поднесуваат одредени пријави во тој дел и од тие причини тие знаат кој треба и до кога нивното дете да се движи. Но, ако тие не го контролираат, ние сме должни, законот нам не обврзува, ние тие деца да ги контролираме, да ги донесеме во полициска станица, да ги известиме родителите и да им ги предадеме онака како што е запазено со редот“, вели командирот Придаенкоски.

Тој најавува дека овие контроли кои се дел од проектот на МВР, „мешани патроли“, што се спроведува во сите градови во државата ќе продолжи во текот на зимскиот период. Целта е полицијата да се приближи што повеќе до граѓаните и да се постигнат поголеми ефекти на превентивен план, за што е неопходна синхронизирана активност на полицијата со други надлежни институции.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG