Достапни линкови

Невработеноста - главен проблем на младите од Балканот


Младинска Конференција во Крушево.
Младинска Конференција во Крушево.

Државите од Балканот имаат стратегии за млади, но не ги имплементираат мерките кои ќе го подобрат образованието, студирањето, правото на работа е заклучокот од младинската конференција што се одржа во Крушево, под мотото „Европски вредности за иднината на Југоисточна Европа“.

Невработеноста, криминалот и корупцијата, преголемото влијание на политиката во младинските асоцијации, недостигот на финансии за проекти кои се во насока на подобување на квалитетот на животот на младите…се дел од проблемите со кои се соочуваат младите од земјите на Југоисточна Европа, кои ги истакнаа на младинската конференција што се одржа во Крушево, под мотото „Европски вредности за иднината на Југоисточна Европа“.
Значи најголем проблем е невработеноста. Младите немаат своја работа. Државата и натаму нема добри мерки со кои ќе го поттикне вработувањето на младите.
Марко Боко, младински активист од Хрватска.

Според нив државите имаат стратегии за млади, но не ги имплементираат мерките кои ќе го подобрат образованието, студирањето, правото на работа.

Грчката Влада донесе рестриктивни мерки за образованието, но сепак подоцна се обезбедени средства за набавка на учебници и за оваа учебна година. Најголеми проблеми на младите Грци, како што вели Еви Цумерко од Лерин, им создава економската криза. Зголемениот број невработени го намалува просторот за работа на младите, па тие сега се принудени да заминат на работа во странство, многу од нив таму го продолжуваат и своето школување.
Има чекори напред, но има и многу проблеми, мора многу да се работи. Потребна е соработка, почнувајќи од меѓународните тела преку националните до локалните, значи еден од поголемите и стратегиски проблеми е непостоењето на документи и тела, но и средства на локално ниво.
Гордана Ристиќ, младински активист од Србија.
На прашањето колку македонско-грчкиот спор со името е кочница во реализација на регионални младински проекти и како младите Грци гледаат на нивните врсници во Македонија, Цумерко вели:

„Можам апсолутно да ви кажам дека грчкиот народ ве сака, сака да соработува со вас. Јас живеам на неколку километри до границата и ние ве чувствуваме многу блиски, кога ќе ја поминам границата се чувствувам како дома. Ние сме еден народ, верувам, имаме некои проблеми, но ќе бидат решени во иднина“,изјави Цумерко.

И младите во Хрватска, која има статус на држава кандидат за член на ЕУ, се соочуваат со невработеност и излезот го бараат во странство. Сепак тие многу се надеваат дека членството во ЕУ следната година ќе им ги отвори вратите за поголеми демократски права во напорите за остварување што поквалитетно образование и живот.
Можам апсолутно да ви кажам дека грчкиот народ ве сака, сака да соработува со вас. Јас живеам на неколку километри до границата и ние ве чувствуваме многу блиски, кога ќе ја поминам границата се чувствувам како дома. Ние сме еден народ, верувам, имаме некои проблеми, но ќе бидат решени во иднина.
Еви Цумерко, младински активист од Лерин.

„Значи најголем проблем е невработеноста. Младите немаат своја работа. Државата и натаму нема добри мерки со кои ќе го поттикне вработувањето на младите. Од друга страна Хрватска започна да ги следи некои европски вредности како мобилноста. Што значи младите со самото пристапување кон кандидатското членство во ЕУ, и сега на први јули 2013 година, Хрватите ќе можат рамноправо да учествуваат во бројни програми на Европската Унија,така да работата од таа страна се менува на подобро“, изјави Марко Боко од Хрватска.

Во соседна Србија, пак невладините организации кои го третираат проблемот на младите забележуваат дека локалните власти не покажуваат интерес за решавање на проблемите, ниту за финансирање на дел активности кои ќе го зголемат нивото на демократија во оваа сфера.

„Има чекори напред, но има и многу проблеми, мора многу да се работи. Потребна е соработка, почнувајќи од меѓународните тела преку националните до локалните, значи еден од поголемите и стратегиски проблеми е непостоењето на документи и тела, но и средства на локално ниво. На национално ниво има придвижување, вие имате национална Агенција за млади и спорт, а ние имаме Министерство за млади и спорт. Јас сум од Врање, а ова е Крушево, колку локалните самоуправи во нашите градови вложуваат во младите?“, прашува Гордана Ристиќ од Србија.

Според организаторот Младинскиот Совет од Крушево, сите заклучоци во форма на Декларација ќе бидат доставени до владите на државите, чии претставници беа дел од оваа младинска конференција.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG