Достапни линкови

Прво вработување, па после сè друго


Како да најдам работа? Брошура на Агенцијата за вработување.
Како да најдам работа? Брошура на Агенцијата за вработување.

Граѓаните што ги анкетиравме велат дека дека не им е важно дали ќе има предвремени избори или кој е на власт, туку дали ќе има вработување, особено за младите.

Потребни се посебни мерки за младите да дојдат до вработување, откако ќе ги завршат нивното образование, велат од невладиниот сектор кој се бави со оваа проблематика. Според последните податоци на Агенцијата за вработување, во Македонија до крајот на јули има регистрирано 256.949 невработени, од нив 63.513 се млади луѓе до 29 години. Анализите покажуваат дека 20.825 од невработените лица се со високо образование, 658 се магистри, а 19 доктори на науки.

Граѓаните што ги анкетиравме за рубриката Хајд Парк велат дека дека не им е важно дали ќе има предвремени избори во земјава, туку дали ќе има нови вработувања, особено за младите.
Хајд Парк - Дали е време за предвремени избори?
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:12 0:00
„Прво работа и егзистенција. Јас го прифаќам сево ова, ама и јас дома можам да купам уметнички слики, а децата да немаат ни јадење, ни работа.“
Ниту се води евиденција, ниту се грижат институциите таквите постапки и таквите пракси на пазарот на труд да бидат надминати, бидејќи невработеноста генерално е структурна и посебни мерки им се потребни на младите. Во светот постојат такви загарантирани пракси, загарантирано прво вработување после првата година од невработеност бидејќи на тој начин се спречува атрофирањето на нивните способности и знаења.
Неда Коруновска, невладина организација Реактор.

„Битно е секоја влада што е на власт да овозможи подобри услови за граѓаните. Конкретно за платите, за вработувања, за подобри услови за приватните бизниси.“

„Конкретно вработување, друго не ме интересира, ни политика, ни ништо. Пет години не сум вработена, електро-инженер сум. Не ми е важно ни кој е на власт, кој сака нека биде, битно е вработување зошто вака не може. Не сум само јас, многу се“, велат анкетираните граѓани.

Неда Коруновска од невладината организација Реактор вели дека младите во Македонија треба конечно да добијат системска поддршка во нивниот трансфер од образование на пазар на труд.

„Младите во мнозинство остануваат невработени зашто не постојат линкови меѓу образованието и пазарот на труд, односно способностите и знаењата што ги добиваат денес во образовниот систем се недоволни за нивно или самовработување или директно вработување.“

Според Коруновска, младите се дискриминирани на пазарот на трудот.

„Ниту се води евиденција, ниту се грижат институциите таквите постапки и таквите пракси на пазарот на труд да бидат надминати, бидејќи невработеноста генерално е структурна и посебни мерки им се потребни на младите. Во светот постојат такви загарантирани пракси, загарантирано прво вработување после првата година од невработеност бидејќи на тој начин се спречува атрофирањето на нивните способности и знаења“, вели Коруновска.

Министерството за труд и социјална политика во август презентираше акциски план за промовирање на повеќе и подобри места за 135 илјади млади лица на возраст од 15 до 29 години, кој треба да се реализира до 2015 година и ќе чини 27 милиони евра.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG