Достапни линкови

Шампиони во невработеност


Прашањето со невработеноста останува болна точка. Опозицијата вели дека власта треба да го смени пристапот за решавање на овој проблем, власта пак уверува дека бројот на невработени во земјава се намалува.

За опозицијата рангирањето на Македонија во листата на петте најлоши економии во светот е уште еден поразителен податок за нашата земја. Во листата влегуваат пет земји кои имаат по еден показател кој е најлош на планетата. Во Македонија тој е невработеноста.

Значи, потребно е пристапот да се смени. Да не се трошиме околу проекти од коишто има корист, но не се суштински важни за да се решат главните прашања. И втората работа е, нема отворање на нови работни места доколку нема инвестиции. Да се привлекуваат странски инвеститори е добра работа, меѓутоа да се заборават домашните инвеститори, не е добра работа.

Зоран Јовановски, СДСМ.

И по шест години владеење на оваа власт, прашањето на невработеноста остана нерешено посочува Зоран Јовановски од Социјалдемократскиот сојуз. Според него Владата треба да се фокусира на две работи за да ја намали високата стапка на невработеност од околу 31 насто.
Како да најдам работа? Брошура на Агенцијата за вработување.
Како да најдам работа? Брошура на Агенцијата за вработување.

„Значи, потребно е пристапот да се смени. Да не се трошиме околу проекти од коишто има корист, но не се суштински важни за да се решат главните прашања. И втората работа е, нема отворање на нови работни места доколку нема инвестиции. Да се привлекуваат странски инвеститори е добра работа, меѓутоа да се заборават домашните инвеститори, не е добра работа,“ вели Јовановски.

Ние како Влада многу се обидуваме да ги подобриме состојбите и олесниме сите процедури за компаниите, а крајната цел на тоа е да тие го развојат својот бизнис, а развојот на нивниот бизнис ќе придонесе за отворање на нови работни места. Мислам дека тоа треба да е и е нашиот фокус.
Спиро Ристоски, министер за труд и социјална политика.
Власта пак уверува дека бројот на невработени во земјава се намалува и дека се преземаат низа мерки за намалување на оваа несакана појава. Една од последните мерки што ги најави владата беше вработување на 4 илјади административци за кое министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски вели дека е добра мерка но основен фокус не треба да бидат вработувања во администрацијата, туку отворање на работни места во приватниот сектор.


„Ние како Влада многу се обидуваме да ги подобриме состојбите и олесниме сите процедури за компаниите, а крајната цел на тоа е да тие го развојат својот бизнис, а развојот на нивниот бизнис ќе придонесе за отворање на нови работни места. Мислам дека тоа треба да е и е нашиот фокус“, изјави Ристовски во неделното интервју за радио Слободна Европа.

Министерот Ристовски вели дека се невистинити информациите дека со бришење на лица од списокот на невработени во Агенцијата за вработување се креира вештачка слика за намалената стапка на невработеност во Македонија. Од околу 70 -те илјади лица кои во последниве три години се тргнати од оваа евиденција само пет проценти поднеле жалба до Агенцијата, што пак укажува дека луѓето кои се избришани биле свесни дека го прекршиле законот, тврди Ристовски.

Економските експерти се сомневаат дека краткорочните мерки кои ги преземаат властите, ќе дадат ефекти во поглед на намалување на невработеноста. Шенај Хаџимустафа од Центарот за економски анализи вели дека е потребна стратегија која ќе содржи низа мерки кои ќе ги дадат посакуваните резултати на долг рок.

„Можеби и од аспект на самата анализа која е потребата на пазарот на труд па според тоа да се влијае и да се направи план во делот на образованието, па според тоа да се знае кои кадри треба да се профилираат. Од друга страна да се види дали имаме можност за инвестирање во некоја нова индустрија, па да видиме и тука кои ни се нашите потреби,“ вели Хаџимустафа.

Најголемата невработеност кај нас е структурна, посочуваат упатените потенцирајќи ја потребата од дообразување и доквалификување на армијата невработени за тековните и идните потреби на пазарот на труд.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG