Достапни линкови

Хотелите ќе ги учат туристите да се бранат од крадци


Туристички комплекс Свети Наум во Охрид.
Туристички комплекс Свети Наум во Охрид.

За подобар туризам, хотелите треба да им гарантираат безбедност на туристите, но и да се едуцираат гостите да се грижат за своите лични работи за да се заштитат од кражби.

Туристите во Македонија да се чувствуваат безбедни бидејќи најголем дел од хотелите во земјава нудат висок степен на безбедност. Но гостите треба да внимаваат каде ги оставаат своите лични работи особено кога се наоѓаат на плажа, препорачуваат хотелските работници од Охрид и Струга во пресрет на новата туристичка сезона.
Кога зборуваме за безбедноста на туристите не зборуваме само за престојот во хотелите, туку за целокупниот негов престој во Македонија од влезот се до неговиот излез од Македонија.
Драги Лазаревски, Балканска асоцијација на хотелски асоцијации.

„Кога зборуваме за безбедноста на туристите не зборуваме само за престојот во хотелите, туку за целокупниот негов престој во Македонија од влезот се до неговиот излез од Македонија“, рече Драги Лазаревски од БАХА - Балканска асоцијација на хотелски асоцијации.
Хотел Дрим во Охрид.
Хотел Дрим во Охрид.

„Во однос на кражбите, одредени простории се покриени со камери. Треба да се едуцира и гостинот. Сметам дека гостинот треба самиот да внимава особено кога ќе оди на плажа. Ако слушнавме дека 35 - 40 проценти од кражбите се во приземниот дел од објектите, тогаш треба да се информираат гостите. Гостите треба да се информираат при излегување прозорците да се затвораат“, рече Гоце Тасески од Хотелот Инекс Горица.
Најмногу се одземани лап топ, мобилни и паричници. Минатата летна туристичка сезона беа украдени и 3 моторциклисти од туристи од Словенија со комплетна опрема, кој беа пронајдени и вратени.
Стефан Димовски, СВР Охрид.

Сопственикот на хотелот Амбасадор, Спиро Николовски и Перо Кутаноски од Хотел Гранит сметаат дека последните инциденти можат да влијаат и на бројот на гости.

„Секако дека сметаат на безбедноста и на гостите. Секако дека се непријатни за сите нас. На луѓето од овие балкански држави не им влијае, но на странските гости особено од скандинавските земји и западноевропските земји, ако видат инциденти на интернет и телевизија кај нив може да влијае и тоа може да влијае и на намалувањето на гостите. Во Македонија мора да работиме многу повеќе на безбедноста кај нас“, рече Николовски.

„Вистина е дека има апликации во однос на букингот на холандскиот пазар во однос на последните случки што се случија. Имаше негативен одзив. Имав претставки од партнерките во однос на тоа што се случува. Падна продажбата за 20 проценти во однос на лани“, рече Кутаноски.

Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димовски вели дека изминатава туристичка сезона бројот на кривични дела кражби изнесувал 112 и бил помал во однос на 2010 година кога биле евидентирани 150. Најголемиот дел од нив биле извршени во куќи и станови но и на плажи.

„Најмногу се одземани лап топ, мобилни и паричници. Минатата летна туристичка сезона беа украдени и 3 моторциклисти од туристи од Словенија со комплетна опрема, кој беа пронајдени и вратени“, изјави Стефан Димовски портпарол на СВР Охрид.

Најголем дел од крадците, според полицијата, се од другите градови. Меѓу оштетените се и туристи од Шведска, Србија, Албанија, Германија, Холандија и други држави.
XS
SM
MD
LG