Достапни линкови

Сезонски вработувања за политички поени


Prime Minister Nikola Gruevski visits Stip
Prime Minister Nikola Gruevski visits Stip

Општините и владата ќе ангажираат 4.000 сезонски работници за извршување јавни работи. За експертите тоа е дел од предизборната кампања.

Веста дека општините и владата ќе ангажираат 4.000 сезонски работници за извршување јавни работи за експертите не може да се гледа никако поинаку освен во склоп на предизборието кое како што велат очигледно се загрева далеку предвреме. Ова е еден од начините кон кој се приклонува владејачката гарнитура за да го ублажи притисокот и да покаже дека исполнила барем дел од ветувањата, вели професорот Темелко Ристевски.
И тие вработувања имаат политички карактер, колку толку да се ублажат тензиите кај симпатизерите и членството на партијата, кое што очекуваше вработувања, а не е вработено. Ете така да им се најде некое место, иако привремено. Голем дел од нив ќе сметаат дека тие привремни вработувања еден ден ќе станат трајни.
Темелко Ристевски, универзитетски професор.

„И тие вработувања имаат политички карактер, колку толку да се ублажат тензиите кај симпатизерите и членството на партијата, кое што очекуваше вработувања, а не е вработено. Ете така да им се најде некое место, иако привремено. Голем дел од нив ќе сметаат дека тие привремни вработувања еден ден ќе станат трајни. “

Во екот на продлабочената сиромаштија во земјата и немоќта да се обезбедат трајни вработувања, власта проценува дека ова може да и донесе политички поени, додава Ристевски.

Кога станува збор за локалните избори во нив се вклучени голем број на луѓе во изборниот процес со конкретни интереси почнувајќи од гадоначалниците па до секој советник така што секој глас е одлучувачки и за власта е битно е да бидат опфатени голем број гласачи со некакви мерки, проценува аналитичарот Алберт Муслиу.

„Иначе јас не би имал ништо спорно ако некој придобива гласови со свои активности и со средства кои што се нивни, ова се јавни средстава, средства на сите граѓани, не само на приврзаници на некоја политичка партија“, вели Муслиу.

Вообичаено, ваквиот тип на вработувања треба да се прават преку јавниот сектор а не преку државата, додава Муслиу и тие не ги решаваат проблемите со економскиот раст, туку се типично социјални. Тајмингот на нивнотот објавување сосема се совпаѓа со подготовките за локалните избори на почетокот од наредната година и тоа според него неизбежно ги сместува во полички контекст. Проектот што го најави ЗЕЛС и надлежните министри во владата ќе започне летово и ќе трае шест месеци. Вработените ќе бидат ангажирани на одржување на хигиената на улиците и зелените површини и ќе добиваат надомест од 7.000 денари. Пред неколку дена МВР објави јавен оглас за вработување на 300 полицајци.
XS
SM
MD
LG