Достапни линкови

Сиромашни луѓе, богата власт


Државните функционери се држат до принципот - Сега ти се пружила прилика, зграпчи што е можно повеќе, велат експертите. Претераниот популизам води кон елитизам, додаваат тие.

Наспроти обратните примери во соседството и во Европа, во услови на економска криза, македонските функционери си изгласаа зголемување на платите за 5 проценти. Ова експертите го нарекуваат себичност, поради стапката на невработеност и на сиромаштија во земјата, но и резултат на психологијата и менталитетот на носителите на високи функции во земјава.
Нашите луѓе на високи должности во државната власт, се однесуваат согласно принципот - Сега ти се пружила прилика, зграпчи што е можно повеќе.
Темелко Ристевски, професор.

„Веројатно поради брзите промени, поради турбуленциите во општеството, нашите луѓе на високи должности во државната власт, се однесуваат согласно принципот - Сега ти се пружила прилика, зграпчи што е можно повеќе“ и така фундираниот државен службеник, со таква една психологија, не мисли на рестрикци, не мисли на воздржување“, вели професор Темелко Ристевски.

Голем дел од граѓаните ваквата одлука ја доживуваат како неправда.

„Криза е, самите треба да бидат свесни дека не можат да зголемат плати.“

„Да се огледаат на Европа, сите
Наспроти обратните примери во соседството и во Европа, во услови на економска криза, македонските функционери гласаат за зголемување на платите за 5 проценти
Наспроти обратните примери во соседството и во Европа, во услови на економска криза, македонските функционери гласаат за зголемување на платите за 5 проценти
одат надоле, а они плата мала имале.“

„Треба народот да умре, а тие да живеат?.“

Наместо зголемување, потребно е намалување на привилегиите и државните трошоци на повеќе нивоа, вели Шенај Хаџимустафа од Центарот за економски анализи.

„Значи функционерите ќе земаат повисоки плати, буџетот ќе се полни, како што ќе се наполни, дали од редовните приходи и секако со
Криза е, самите треба да бидат свесни дека не можат да зголемат плати.
Анкетиран граѓанин.

задолжување. Значи сето тоа е нешто за кое наредните генераци ќе трпат за сето она што сегашните функционери ќе го трошат од буџетот.“

Највисоките нивоа во власта се очекува да бидат пример за останатите во државата, додава професор Ристевски, па оттука решенијата во услови на криза треба да се бараат во рамките на постојните средства и на постојниот кадар. Оттука за него најавата за вработување 12 нови советници во премиерскиот кабинет не ја гледа поинаку освен како отворена можност за се уште невработените партиски кадри. Привилегиите за останатите се сведуваат на возни билети за натпревар во ракомет.

„Едноставно тоа мене ме навредува, тоа е лицемерие и замајување, испирање на мозокот на дел од народот“, реагираат дел од граѓаните.

Претераниот популизам води кон елитизам, заклучува професор Ристевски.

„Владејачката гарнитура која со популизам сака да ги добие симпатиите кај населението, еден ден се одвојува од нацијата, станува премногу самобендисана.“

А тоа е токму во основата на елитизмот, додава Ристевски стравувајќи дека Македонија полека навлегува во ваквиот облик на однесување на властите.
XS
SM
MD
LG