Достапни линкови

Спомениците не и помагаат на економијата


Споменик на паднатите херои за Македонија во Паркот Жена-борец во Скопје.
Споменик на паднатите херои за Македонија во Паркот Жена-борец во Скопје.

Државните пари да се трошат за развивање на бизнисот или на инфраструктурата, односно за капитални инвестиции, сугерираат економистите.

Странското финансирање е општо земено добра работа, но парите треба да бидат насочени кон продуктивни јавни инвестиции, обично во делот на транспортната инфраструктура, врските со соседните земји, енергетиката и слично. Со оваа порака главниот економист на Светска Банка за Западен Балкан, Жељко Богетиќ укажува на потребата од инвестиции во капитални проекти кои придонесуваат за одржлив економски раст.
Клучниот елемент не е само да се држи дефицитот под контрола и јавниот долг да биде мал, туку исто така е важно структурата на буџетот да биде повеќе насочена кон продуктивни јавни инвестиции, односно вистински тесни грла, обично во делот на инфраструктурата, чие надминување би имало големо влијание врз економскиот раст.
Жељко Богетиќ, главен економист на Светска Банка за Западен Балкан.

На прашањето дали инвестирањето во споменици предизвикува дополнителни ризици за македонската економија, Богетиќ вели:
Жељко Богетиќ, главен економист за Западен Балкан на Светска банка.
Жељко Богетиќ, главен економист за Западен Балкан на Светска банка.


„Како и кај се друго и тука се работи за рамнотежа. Мислам дека тука се работи за добро управување со тие странски финансии во иднина во рамките на мудрите граници и одржување на дефицитот и задолжувањето под контрола во иднина. Другата страна на медалот е како тие пари всушност се користат во рамките на локалната економија односно домашниот буџет. И таму, навистина, клучниот елемент не е само да се држи дефицитот под контрола и јавниот долг да биде мал, туку исто така е важно структурата на буџетот да биде повеќе насочена кон продуктивни јавни инвестиции, односно вистински тесни грла, обично во делот на инфраструктурата, чие надминување би имало големо влијание врз економскиот раст“, вели Богетиќ во неделното интервју за нашето радио.
Треба исклучително да биде во насока на развивање на бизнисот или на инфраструктурата, значи за капитални инвестиции во потесна смисла на зборот, како на пример производството на електрична енергија, транспорт на истата, автопаштишта, железници.
Мирче Чекреџи, Сојуз на стопански комори.

И економистите сугерираат на мудро и разумно користење на странските извори на финансирање.

„Треба исклучително да биде во насока на развивање на бизнисот или на инфраструктурата, значи за капитални инвестиции во потесна смисла на зборот, како на пример производството на електрична енергија, транспорт на истата, автопаштишта, железници“, вели Мирче Чекреџи од Сојузот на стопански комори.

Но, на властите овие проекти не им се приоритет. Неконтролираното трошење на тие пари, пред се во непродуктивни проекти, е меѓудругото и причина за нискиот економски раст во земјава, вели професор Вељанд Рамадани.

„Моментално сите средства што се добиваат или во форма на грантови или во форма на кредити, од страна на владата се трошат за непродуктивни проекти. Од тие проекти ќе нема повраток на инвестираното, туку е само на маркетиншки план, а сето тоа подоцна може да резултира со социо – економски проблеми.“

Владата, велат економистите, треба мудро да управува со тие ресурси за да се постигне поголемо влијание во делот на образованието, здравството и социјалната заштита за да се осигури дека се заштитени и најранливите категории граѓани. Тие предупредуваат дека токму тоа ќе биде најголем предизвик за македонската економија.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG