Достапни линкови

Нема ребаланс за плати и пензии што власт значат


Аналитичарите сметаат дека владата го купува социјалниот мир со пари на граѓаните по стариот и испробан рецепт - подобро е да се спречи, отколку да се лечи.

Со ребалансот се кратат парите за капитални инвестиции, за градежни активности, за изградбата на патиштата, тековните трансфери, за здравството, за образованието. Но, наспроти ова не се намалуваат парите за владините реклами, и не се намалуваат платите, пензиите, социјалната помош и субвенциите во земјоделството.
Пензиите и платите не можат во принцип да се намалуваат без тоа да предизивика незадоволство. Тоа владата го знае и треба да се има предвид исто така во врска со пензискиот ситетм, дека тој е во сериозна криза и мора да префрлаат пари од други ставки за да ја пополнат таа дупка која постои.
Здравко Савески, универзитетски професор.

Аналитичарите сметаат дека владата го купува социјалниот мир со пари на граѓаните по стариот и испробан рецепт - подобро е да се спречи отколку да се лечи.

„Пензиите и платите не можат во принцип да се намалуваат без тоа да предизивика незадоволство. Тоа владата го знае и треба да се има предвид исто така во врска со пензискиот систем, дека тој е во сериозна криза и мора да префрлаат пари од други ставки за да ја пополнат таа дупка која постои“, оценува професор Здравко Савески.

Предзиборниот период е време кога владата покажува разбирање да одговори на потребите на граѓаните. Но клуч за просперитет е континуиран економски раст. Лесно нудење одговори дури е и неодговорно, коментира Савески.
Се зголемуваат ставки кои се популарни за поголем број на луѓе, значи државна администрација, пензионери и тн., а од друга страна имаме на пример луѓе кои користат дијализа или некои други здраствени услоги каде буџетите се многу намалени.
Ибрахим Мехмети, аналитичар.

„Самата состојба со пензискиот ситем кажува дека ако на подолг рок се сака да се задржи оваа висина на пензиите, тогаш мора да се промени даночната политика во однос на пензискиот систем.“

Политичарите добиваат поени за наредните избори со тоа што јавната администрација и пензинерите ќе го добијат тоа што го бараат, но за сиромашните нема надеж, а од своите права губат и други категории граѓани. Логиката е да се задоволи што поголем круг на луѓе. Тоа не е одговор на проблемите туку ставање на главата под тепих, коментира социологот Ибрахим Мехмети.

„Се зголемуваат ставки кои се популарни за поголем број на луѓе, значи државна администрација, пензионери и тн., а од друга страна имаме на пример луѓе кои користат дијализа или некои други здраствени услоги каде буџетите се многу намалени. Појдовната точка на владата при оваа била да се придобијат што повеќе симпатии од страна на поголема група на граѓани.“

И Савески предупредува дека за него неиздржлива е тезата дека буџетот е социјално концепиран зашто треба да се погледне дека многу социјални програми се намалуваат, односно само фигурираат како такви.

Пратениците од опозицијата оценија дека ребалансот на буџетот не е навремен и адекватен, и поставен е на целосно погрешни претпоставки за растот на економијата. За пратениците од владејачкото мнозинство, пак, во услови на должничка криза, Владата успешно се справува со сите предизвици, без последици по платите и даноците.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG