Достапни линкови

Само нов политички поредок може да ја спаси Грција


Зошто Грција месечари кон пропаст? Ова е прашањето во текстот објавен во Фајненшал тајмс во врска со неуспехот на тамошниот политички систем да реагира на финансиската криза. Причините лежат во три главно незабележани факти на грчкиот политички живот.

Првиот факт е култивацијата на омразата
Партиите од левицата сметат дека пакетот за спасување е варварски акт и криминал. Партиите од екстремната десница, пак, за проевропските лидери велат дека се предавници и колаборанти. Никој не зборува како да се реши проблемот.
Фајненшал тајмс.

Наследството од грѓанската војна од 1946 до 1949 година беше постојаната осуда на левичарите. Грчкото општество во 50 години од минатиот век беше длабоко поделено по хиерархиски линии, било семејни, било класни.

За време на Студената војна дојде до уште една хиерархија. Левичарите и другите неконформисти беа посочени како опасни и непатриотски сили и под постојана закана на притисоци од апаратот кој беше растурен по падот на воената диктатура во 1974 година.

Кога социјалистите дојдоа на власт во 1981 година креираа нова хиерархија. Левицата ги доби јавните работи, промоции и владини договори. Десницата беше означена како опасна и непатриотска. Реториката на омарзата живее и денеска.

Грчкиот политички живот се уште е театрален и отровен

Партиите од левицата сметат дека пакетот за спасување е варварски акт и криминал. Партиите од екстремната десница, пак, за проевропските лидери велат дека се предавници и колаборанти. Никој не зборува како да се реши проблемот.
Состанок на грчките политички лидери
Состанок на грчките политички лидери

Партиското ривалство го трасира патот за вториот важен факт: системот на мнозинство, што доведува до скоро невозможно формирање на коалициона влада. Јавниот сектор е радикално политизиран и потчинет и целосно во рацете на министрите. Владите наименуваат судии врз партиска основа. Се зависи од политиката.

Третиот политички факт е падот на медиумите

Од 1989 радиото и телевизијата се монопол на власта. Осум приватни станици добија привремени лиценци, но судот пред две години оцени дека тоа е неуставно. На медиумите им недостига објективност. Бескрупулозни политичари, цинични синдикати и медиумски олигарси го грабнаа јавниот живот во Грција. Тие малку се грижат за реформите и не гледаат итност во спречувањето на излезот од еврозоната.

Токму поради ова двете главни политички партии пропаднаа на мајските избори. Тие се симболи на неспособност и корупција. Тие немаат морален авторитет да бараат пожртвуваност. Старото умре, но новото се уште не е родено. Малкумина очекуваа ваков брз пад на социјалистите и конзервативците. Бесрамниот популизам на радикалната левица можеби на кратко ќе и донесе поддршка, но исто така може да води и кон спектакуларен неуспех. Грчката криза сега е политичка.

Одговорот лежи во појавата на нови и кредибилни политички партии. Без обнова на довербата во демократските институции, без исчистени медиуми и без казнување на корупција нема надеж за продуктивна и конкурентна економија, се наведува во текстот на Фајненшал тајмс.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG