Достапни линкови

Можни олеснувања за Грција


Во неможност да формираат влада по деветдневни преговори, Грците на 17 јуни повторно ќе излезат на избирачките места. Според аналитичарите, новите избори всушност претставуваат референдум за тоа дали земјата треба да остане во еврозоната. Има и такви кои се повеќе заговараат извесни концесии спрема Атина.

„Господин Провопулос ми кажа дека немало паника, туку голем страв кој може да прерасне во паника“, изјави грчкиот претседател Каролос Папуљас по средбата со шефот на Централната банка Јоргос Провопулос кој го информирал дека само во понеделникот грчките штедачи повлекле од банките околу 700 милиони евра, стравувајќи од можна девалвација доколку земјата ја напушти еврозоната.

Ако нешто добро може да се каже од неуспехот да се формира влада тогаш тоа е што им се нуди шанса на грците да етаблираат политичка сигурност. Без сигурно владејачко мнозинство, нема политичка стабилност, а без тоа инвеститорите ќе ја избегнуваат Грција.
Фајненшал тајмс.
Папуљас и со предупредување дека јуни би можело да биде трагичен месец, бидејќи Грција се соочува со банкрот доколку меѓународните доверители се откажат од спасувачкиот пакет. Аналитичарите се согласуваат дека Грците всушност се двоумат како да продолжат натаму.

Големото мнозинство е за откажување на болните мерки за штедење потребни за да се добијат парите од спасувачкиот пакет, но исто така и за задржување на еврото. Дел од коментаторите, пак, повикуваат на олабавување на условите за штедење со цел Грција да добие стабилна влада и да остане во еврозоната.

„Ако нешто добро може да се каже од неуспехот да се формира влада тогаш тоа е што им се нуди шанса на грците да етаблираат политичка сигурност. Без сигурно владејачко мнозинство, нема политичка стабилност, а без тоа инвеститорите ќе ја избегнуваат Грција“, пишува Фајненшал тајмс, предупредувајќи дека доколку победи ултралевицата Сириза на чело со Алексис Ципрас, тогаш тоа ќе биде крај на мерките за штедење, но и на исплатата на грчките долгови.

„Тоа ќе биде раскинување со Европската унија, која ќе ја запре финансиската помош, што, пак, ќе има несогледливи последици за другите јужни европски земји. Ужасно сценарио“, оценува Фајненшал тајмс, кој ги повикува Европјаните да ги олабават условите за Грција.
Атина
Атина

И германскиот весник Зидојче Цајтунг смета дека ЕУ и ММФ треба да направат извесни концесии спрема Атина.

„Во спротивно новата влада нема да преживее долго време. Не можете да владеете долго против народот. Секако, доколку не сте подготвени да ја загрозите демократијата“, наведува весникот.

На сличен став во врска со претстојните избори во Грција е и весникот Берлинер Цајтунг:

„Целта на политиката е да покажува алтернативи. Грците ќе изберат парламент во кој Сириза ќе биде посилна. Но, тоа нема да биде доволно за да формира левичарска влада. Мнозинството, со или без Сириза, ќе биде возможно доколку новиот пакет за штедење партиите ќе го покријат со мерки за економски пораст. Алтернативата е враќање на драхмата. Заканата е реална. За Грците, последиците ќе бидат драматични, за Европа тие ќе бидат несогледливи“, пишува Берлинер Цајтунг.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG