Достапни линкови

Кире Лазаров - Можеме на Олимпијада


Претседателот Ѓорге Иванов и капитенот на ракометната репрезентација Кире Лазаров. Претседателот Иванов им додели на ракометарите медал за заслуги за Македонија за освоеното петто место на ЕП што се одржа во Србија.
Претседателот Ѓорге Иванов и капитенот на ракометната репрезентација Кире Лазаров. Претседателот Иванов им додели на ракометарите медал за заслуги за Македонија за освоеното петто место на ЕП што се одржа во Србија.

Ако успееме да одиграме на ова ниво и малку да се поправиме, имаме добри шанси да се пласираме на Олимписките игри, вели капитенот на ракометната репрезентација Кире Лазаров.

Извонредниот резултат, што македонската ракометна репрезентација го постигна на Европското првенство во Србија се уште е топ тема во домашната јавност. Петтото место на Стариот континент и титулата најефикасен стрелец на Европските шампионати(со 61 постигнат гол) со која се закити Кирил Лазаров, се најголеми успеси во историјата на македонскиот ракомет.
Сакам да кажам дека сум горд Македонец на сето ова што го постигнав и што го постигнавме сите заедно. Покрај мојот личен успех кој го бројам како заеднички, постигнавме и голем колективен успех. Бевме многу блиску до полуфиналето. Покажавме на Европа и светот дека веќе не не сметаат како мала репрезентација, која што ќе биде топовска храна за другите. Оставивме срце на терен, се боревме машки, не респектиравме ни еден противник. Горди сме на сето ова што го направивме не само со играта, туку и со навивачите.
Кире Лазаров, капитен на ракометната репрезентација.

Зa нив, нашите нови спортски херои секојдневно добиваат признанија, почнувајќи од државните институции(претседателот Ѓорѓе Иванов им додели медал за заслуги за Македонија, Владата секој играч го награди со по 6.000 евра, а Агенцијата за млади и спорт ги прогласи за спортисти од меѓународна категорија, за што секој месец во наредните две години ќе добиваат по 1,3 просечни македонски плати), преку спонзори и образовни установи(Факултетот за спортски менаџмент при ФОН им додели почесни дипломи), па се до граѓаните. Тие им приредија незаборавен пречек во Скопје и во другите градови од каде што потекнуваат репрезентативците, за нивна уште поголема гордост и задоволство од постигнатото.
Претседателот Ѓорге Иванов им додели на ракометарите медал за заслуги за Македонија за освоеното петто место на ЕП што се одржа во Србија.
Претседателот Ѓорге Иванов им додели на ракометарите медал за заслуги за Македонија за освоеното петто место на ЕП што се одржа во Србија.

„Сакам да кажам дека сум горд Македонец на сето ова што го постигнав и што го постигнавме сите заедно. Покрај мојот личен успех кој го бројам како заеднички, постигнавме и голем колективен успех. Бевме многу блиску до полуфиналето. Покажавме на Европа и светот дека веќе не не сметаат како мала репрезентација, која што ќе биде топовска храна за другите. Оставивме срце на терен, се боревме машки, не респектиравме ни еден противник. Горди сме на сето ова што го направивме не само со играта, туку и со навивачите. Ако не освоивме натпреварувачки медал, нашата публика сигурно освои златен медал за она што го прикажа во Ниш и во Белград“, изјави капитенот Кирил Лазаров.
Не треба да се задоволиме со вакви работи. Треба да го искористиме овој потенцијал што го имаме, да ја искористиме оваа публика што ја имаме и во иднина да продолжиме со сериозни подготовки, со една програма однапред подготвена и уште 3-4 години да постигнуваме вакви добри резултати.
Кире Лазаров, капитен на ракометната репрезентација.

Според него, сега не треба да се преценат можностите и да се претера со славењето на подвигот во Србија. Tој мора да се потврди, па и да се надмине во иднина, за што покажавме дека имаме сили, вели Лазаров.

„Не треба да се задоволиме со вакви работи. Треба да го искористиме овој потенцијал што го имаме, да ја искористиме оваа публика што ја имаме и во иднина да продолжиме со сериозни подготовки, со една програма однапред подготвена и уште 3-4 години да постигнуваме вакви добри резултати. Значи треба уште повеќе да се работи, уште повеќе да биде поорганизирано и не смееме да мислиме дека еве само што ќе излеземе на терен сега ќе стрепат репрезентациите“, додаде Кире национале, кој очекува серијата успеси да продолжи уште во април.

Тогаш(од 6-ти до 8-ми април), на турнирот во Гетеборг ќе се бориме за една од двете визи за пласман на летните Олимписки игри во Лондон, а пречка на тој пат ќе ни бидат селекциите на Шведска, Унгарија и Бразил. Противниците се за респект, но тие се и ривали преку кои можеме да стигнеме до најголемиот спортски настан во светот.

„Мислам дека доколку успееме да одиграме на ова ниво или уште малку да ги увидиме грешките, секако дека во сите добри настапи има и грешки, ако успееме барем 5 до 10 отсто да ги поправиме, борбеноста да остане на исто ниво, имаме добри шанси да се пласираме на Олимписките игри“, истакна на крајот Кире Лазаров.

Тој е единствениот во историјата на ракометот, кој во исто време бил рекордер според бројот на постигнати голови на Европските(61 гол на ЕП во Србија) и на Светските шампионати(92 гола на СП во Хрватска пред три години).
XS
SM
MD
LG