Достапни линкови

Со победа против Словенија до квалификации за Олимпијада


Со победа против Словенија, Македонија се пласира на квалификацискиот турнир за Олимпијадата. Во спротивно, треба да навива, Србија да стане европски шампион.

Македонските ракометари денеска со Словенија се борат за 5 место на ЕП во Србија. Натпреварот ќе почне во 15:15ч. во Белградска Арена. Победникот ќе обезбеди пласман на квалификацискиот турнир за Олимпијадата во Лондон што ќе се одржи годинава.
Ја анализиравме Словенија. Имаме сериозен противник со квалитетни играчи, иако се се врти околу Урош Зорман. Не би ги заборавил и нивните крила, ниту ни нивната трансформација од одбрана во напад. Го посакувам она што и сите навивачи на Македонија - со победа заеднички да го затвориме ЕП и да го прославиме успешното натпреварување.
Ѕвонко Шундовски, селектор на македонската репрезентација.

На квалификации за Олимијадата, Македонија може да се пласира и со пораз, но само ако Србија стане европски шампион.

Селекторот Ѕвонко Шундовски пред натпреварот изјави дека посакува победа:

„Ја анализиравме Словенија. Имаме сериозен противник со квалитетни играчи, иако се се врти околу Урош Зорман. Не би ги заборавил и нивните крила, ниту ни нивната трансформација од одбрана во напад. Го посакувам она што и сите навивачи на Македонија - со победа заеднички да го затвориме ЕП и да го прославиме успешното натпреварување“, изјави Шундовски.

Капитенот на словенечката репрезентација, Зорман, пак, вели дека ќе одат на победа на овој меч.
Во Белград одиме на победа, со која ќе го постигнеме нашиот најголем успех во последните осум години и ќе почнеме да пишуваме нова историја.
Урош Зорман, капитен на словенечката репрезентација.

„Сами решаваме за себе против Македонија, која игра добро на ова првенство. Сеедно, во Белград одиме на победа, со која ќе го постигнеме нашиот најголем успех во последните осум години и ќе почнеме да пишуваме нова историја“, вели Зорман.

Македонија и Словенија играа во баражот за ЕП 2008 во Норвешка, при што Словенците победија и во двата меча. Во Скопје победија со 33:32, а во реваншот во Марибор со 33:28.

Македонија досега на ЕП има три победи - против Чешка, Полска и Србија, еден нерешен резултат со Шведска и два минимални порази од Германија и од Данска.

Капитенот Кире Лазаров, според официјалната статистика, е најкорисен играч во досегашниот тек на првенството. Тој е и најдобар стрелец со постигнати 53 гола, односно 8,8 по натпревар. Ако на денешниот меч со Словенија, Лазаров постигне повеќе од 5 гола ќе стане најдобар стрелец на едно ЕП во историјата.

Досегашниот рекорд го држи Исланѓанецот Олафур Стефансон коj дадe 58 гола на европското првенство во 2002 година во Шведска.

Сепак, капитенот вели дека рекордот не е важен во моментов.

„Мојот рекорд е најмалку важен. Овој пат важна е Македонија, важна е репрезентацијата, важни се сите наши навивачи“, вели Лазаров.

Лазаров веќе е најдобар стрелец во историјата на Светските првенства со 92 гола што ги даде на Светското првенство во Хрватска пред три години.

Покрај дуелот за 5. место денеска се играат и полуфиналните средби. Шпанија и Данска ќе се борат за влез во големото финале од 17:45ч., а домаќинот Србија ќе игра со балканскиот ривал Хрватска во 20:15ч.
XS
SM
MD
LG