Достапни линкови

Заштита на црквата Св. Богородица Перивлепта во Охрид


Под раководство на историчари на уметност од Италија се работи на конзервација на архитектурата и на фрескоживописот во Св. Богородица Перивлепта во Охрид.

Во едногодишната работа на конзервацијата на архитектурата и фрескоживописот на една од најпознатите и највредни цркви во Охрид, Света Богородица Перивлепта од 13-тиот век, по археолошките истражувања околу објектот, се ископаа археолошки сонди во нејзината внатрешност за откривање на градби постари од црквата, изготвена е комплетно нова техничка документација со сите оштетувања и направени интервенции и заштитена внатрешноста на црквата од пропаѓање.
Под раководство на историчари на уметност-конзерватори од Италија, беа направени одредени проби на фрескоживописот, на кој се нанесоа сите оштетувања, коишто се јавуваат како последица на оштетувањата на кровот, кои постојат во моментов.
Тања Паскали Бунташеска, директор на Заводот за заштита на споменици и музеј во Охрид.

„Под раководство на историчари на уметност-конзерватори од Италија, беа направени одредени проби на фрескоживописот, на кој се нанесоа сите оштетувања, коишто се јавуваат како последица на оштетувањата на кровот, кои постојат во моментов. Од архитектот-експерт, кој е назначен од УНЕСКО, беше сугерирано да се постави заштитен наткров на црквата, за да може безболно да се направи самата конзервација на кровните површини од црквата, што е веќе направено и завршено. Сега се работи на завршните истражувања во поглед на конзервацијата на архитектурата на објектот“, вели Тања Паскали Бунташеска, архитектка, директор на Заводот за заштита на споменици и музеј во Охрид.

Во Заводот се привршува проектот за конзервација на архитектурата и на фрескоживописот, а со зафатот ќе се изврши козервација на камбанаријата и конакот до црквата, со што ќе се заокружи комплексот. Заштитата на црквата позната меѓу Охриѓани како стар Свети Климент, беше неопходна за спасување на вредните фрески, кои овде пред мајсторите на италијанската ренесанса ги насликаа познатите средновековни сликари и зографи Михајло и Ефтихиј, по што таа е позната во светот.
Доколку не се интервенираше, постоше можност живописот се повеќе да пропаѓа, па и да се уништува. Сега тоа е спречено, со поставувањето на заштитниот кров.
Тања Паскали Бунташеска, директор на Заводот за заштита на споменици и музеј во Охрид.

„Доколку не се санираше објектот, каде беше констатирано дека има продор на влага од кровните површини, од опшивките кои се поставени на венците од црквата, и на спојот меѓу крововите и зидовите и влагата продираше како последица на губење на својството на тие опшивки. Доколку не се интервенираше, постоше можност живописот се повеќе да пропаѓа, па и да се уништува. Сега тоа е спречено, со поставувањето на заштитниот кров, веќе има позитивни резултати на сушење на кровот и се надеваме дека работите одат во позитивна смисла и дека се ќе биде изведено како што треба“, вели Паскали Бунташеска.

Според неа, една од најважните византиски цркви на Балканот со
x
конзервацијата е заштитена од пропаѓање, а со интервенциите на камбанаријата и конакот, ќе се добијат нови содржини, атрактивни за верниците, проследувачите на културата и уметноста и туристите во Охрид кои често ја посетуваат. Проектот што се реализира со грант од Американската амбасада од 650 илјади долари, треба да заврши за две години. Охридскиот музеј моментално работи на конзервација на фрескоживописот на уште четири цркви, Сите Светии во Лешани, Света Богородица Захумска во Трпејца, Свети Никола во Косел и Свети Контстантин и Елена во Охрид.
XS
SM
MD
LG