Достапни линкови

Реконструкција на прилепската Џамија


Конечно, реконструција на прилепската Чарши џамија.
Конечно, реконструција на прилепската Чарши џамија.

Започнува реконструкција на прилепската Чарши Џамија во споменик на културата кој ќе биде заштитен со закон.

Прилепската Чарши џамија конечно ќе се реконструира, во споменик на културата кој е заштитен со закон, и тоа во состојба како пред една деценија, до моментот кога на кобниот 8 август беше запалена до темел, истиот ден кога кај Карпалак, загинаа 10-мина прилепски резервисти. Изминатиов период сите обиди на верниците од муслиманска вероисповед и прилепското муфтиство во дворот на
Очекуваме сега ние со старо-новата Влада да се реставрира џамијата, да се стави во првобитната состојба како пред 2001 година. Значи ние како муфтиство на Исламската верска заедница и верниците во оваа околина, ние потребен верски објект, да ги извршуваме тие верски обреди.

џамијата да ги извршуваат верските обреди, и барањата за да ја реконструираат во активен верски објект предизвикуваа негодувања и турбуленции во јавноста.

Но, меѓу Исламската верска заедница и Министерството за култура тврдат од прилепското муфтиство лани било договорено да се реставрира „Чарши џамија“, во споменик на културата, но постапката била пролонгирана. Тендерската документација сега била готова, ИВЗ префрлила средства на Националниот конзерваторски центар за реставрација.

„Очекуваме сега ние со старо-новата Влада да се реставрира џамијата, да се стави во првобитната состојба како пред 2001 година. Значи ние како муфтиство на Исламската верска заедница и верниците во оваа околина, ние потребен верски објект, да ги извршуваме тие верски обреди. Меѓутоа има други простори кои се национализирани џамии во 50-тите години, да се врати една од нив, ќе изградиме и верски објект, за да ги извршуваме верските обреди“, вели Мустафа Топалоски, муфтијата на прилепското муфтиство.


Тој додава дека во Чарши џамија ќе биде сместено седиштето на прилепското Муфтиство, но дека за потребите на исламските верници се потребни неколку објекти. Од локалната самоуправа тврдат дека согласно со новиот Генерален урбанистички план, предвидена е изградба на нова џамија за потребите на верниците и тоа во населбата „Тризла“ каде што живеат најголем број граѓани од муслиманска вероисповед.

„Предвидена е џамија во ромската населба каде што имаме концентрирано муслиманско население. Таа џамија за брзо ќе почне да се реализира. Треба од страна на ромската популација, од муслиманска вероисповед значи да си назначат Управен одбор, исто како што со
Во однос на процентот на муслиманско население во градот Прилеп и во Општината и во однос на православно население ќе бидат задоволени верските потреби.

изградбата на црквата „Света Петка“ и нешто да донира локалната, да соберат и свои донации, така се градат верски објекти“, изјави градоначалникот Марјан Ристески.

Тој додава дека следен чекор во изградбата на објектот ќе биде изработка и усвојување на деталниот урбанистички план за населбата „Тризла“ и расчистување на локацијата со отстранување на времените објекти, по што ќе може да започне изградбата. Ристески истакнува дека со новиот ГУП се предвидени повеќе верски објекти во градот.

„Во однос на процентот на муслиманско население во градот Прилеп и во Општината и во однос на православно население ќе бидат задоволени верските потреби“, акцентира градоначалникот Ристески.

Инаку, прилепската Чарши џамија датира од 1475 година. Последнава деценија овој објект на културата и покрај напорите на комуналците да остане чист, во ноќните часови е средиште на бездомниците. Тие тука фрлаат отпадоци, смет, фекалии, а објектот се наоѓа во строгиот центар на градот, веднаш до Градскиот саат.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG