Достапни линкови

Топол културен бран


Македонскиот етно-бенд „Љубојна“
Македонскиот етно-бенд „Љубојна“

Публиката во градовите од внатрешноста на државата ќе добие можност бесплатно да проследи над 110 културни настани во рамки на манифестацијата Топол културен бран.

На летната сцена во Центарот за култура Бели мугри во Кочани – проекција на анимирани филмови зад кои што стои Кинотека на Македонија. Во Тетово, на Градскиот плоштад - мултиетничко дефиле на културно-уметнички друштва од регионот. Во Виница изложба на акварели на македонскиот уметник Васко Ташковски, а во Ресен, во старата чаршија – музичко-поетски перформанс. И, згора на тоа во Виница – Народниот театар од Штип ќе ја одигра претставата Ети ја
Луѓето од блиску ќе се запознаат со нашата музика, не само преку радио, телевизија, ќе можат да го почувствуваат тоа што го нарекуваме концертен настап во Виница и во Каменица, насекаде низ
државата.

спасува Тера, во Свети Николе концерт на гудачкиот квартет Марија, на плоштадот во скопска Автокоманда ќе настапи Градскиот дувачки оркестар, а во штипската галерија Безистен, пак, ќе музицира гитаристката Тања Јанкова.

Ова се само дел од бројните културни настани што ќе се случуваат во рамките на четвртото издание на манифестацијата Топол културен бран која ќе се одржи во две етапи – едната до 31 јули, а другата од 20 до 30 август годинава. Организаторите, Министерството за култура во соработка со одбраните оптшини, програмата ја оценуваат како квалитетна, атрактивна и динамична...и како идеална можност на локалните за соработка со националните институции, авторите и репродуктивните уметници и за поттикнување на творештвото на територијата на целата држава.

Фолтин.

„Ова е многу добра можност, позитивен сигнал би рекол“, истакнува Бошко Симоновски од Домот на младите во Штип.

Тој дополнува дека тие како установа ќе ги потпишат настапите на Сашо Гигов Гиш и СИНТЕЗИС и дека на тој начин ќе промовираат нов концертен простор во градот.

„Проектот на Сашо Гигов Гиш сакаме да го реализираме во една автентична атмосфера, во едно автентично место тоа е локацијата Баргала која се наоѓа десетина километри од Штип и мислам дека ќе биде несекојдневно доживување за граѓаните на Штипи околните места.“
Ова е многу добра можност, позитивен сигнал би рекол.

Во програмата на годинешното издание на Топол културен бран, покрај споменатите, ќе учествуваат и повеќе културно-уметнички друштва предводени од Ансамблот за народни песни и игри Танец, солистите на МОБ, Охридскиот, Драмскиот и Велешкиот театар, гитаристот Влатко Стефановски, групите ФОЛТИН, БАКЛАВА, ЉУБОЈНА и многу други уметници од нашата земја.

„Луѓето од блиску ќе се запознаат со нашата музика, не само преку радио, телевизија, ќе можат да го почувствуваат тоа што го нарекуваме концертен настап во Виница и во Каменица, насекаде низ државата“, забележува Оливер Јосифовски од ЉУБОЈНА.

Кон ова уште само информацијата дека влезот за сите настани е слободен.
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG