Достапни линкови

Промовиран албумот „Биоскопија“


„Биоскопија“ е насловен заедничкиот проект на Елена Христова, пејачката на групите БАКЛАВА и БАБА ЗУЛА и Горан Трајковски, член на АНАСТАСИЈА и автор на театарска музика.

Само вистински големите творци, оние кои што се напојувале од изворот, можат да изнедрат од себе продукт кој не само што и се обраќа на традицијата туку и исчекорува напред во иднината на она што го именуваме како современ македонски музички израз. А, токму таков е Биоскопија албумот што го потпишуваат Елена Христова и Горан Трајковски. Таа пејачка во БАКЛАВА и истанбулскиот состав со голема интернационална кариера БАБА ЗУЛА и тој - еден од неколкуте
Чувствував порив да тоа го сублимирам во една приказна која што ќе ги содржи оние песни кои најсилно го допреле моето
битие.
најзначајни творци на нашата актуелна сцена чија активност во изминативе три децении се протега од панк групата САРАЦЕНИ, преку ПАДОТ НА ВИЗАНТИЈА до култните МИЗАР и АНАСТАСИЈА. Станува збор за самосвојно и комплексно издание на кое во 73 минути се поместени 14 песни од нашата песнопојна традиција кои низ третманот од модерниот инструментариум толку природно се воздигнуваат до универзални химни за љубовта, копнежот, болката и не само на Македонецот туку и на било кој друг на планетата Земја.

Горан Трајковски

За нивниот одбир Елена Христова вели дека тоа бил процес што случувал во изминативе неколку години и во кој таа и самата истражувајќи созревала.

„Чувствував порив да тоа го сублимирам во една приказна која што ќе ги содржи оние песни кои најсилно го допреле моето битие, а тоа се претежно песни кои што сум ги чула во чиста форма од постари луѓе, на село или теренски снимки и оставиле впечаток на мене.“

Трајковски, пак, кон ова со дополнение:

„Неколку месеци се занимавав со нивно преслушување и анализирање и изнаоѓање на можности на кој начин да бидат вообличени во еден поинаков вид песна, поинаков формат од оној во кој што се наоѓаат односно, оргиналниот.“

Во реализацијата на овој проект биле вклучени и Марија Ѓаковска – виолина, Игор Василев – Новоградска – контрабас, Дејан Теодосиевски – виолончело и Анастасиј Јоану на кларинет. Материјалот е комплетиран во студиото Тра-ла-ла во Скопје, автори на
Да бидат вообличени во еден поинаков вид песна, поинаков формат од оној во кој што се наоѓаат односно, оргиналниот.
идејното решение за обвивката на Биоскопија се Деан и Љубиша Петровски, објавувањето е помогнато од Младинскиот културен центар, а издавач е продукциската куќа Скопје џез фестивал на кои ова им е 31 носач на звук во досегашното делување.

Инаку, по претставувањето на ова дело за медиумите во земјава и неговото пуштање во продажба, кое патем се совпадна со завршувањето на 10-то јубилејно издание на Оф-фест како фестивал за светска и друга музика, наесен се очекува и неговата концертна промоција.
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG