Достапни линкови

Субвенциите за стан, непродуктивен трошок


Економистите сметаат дека владината иницијатива за субвенционирање на станбени кредити е непродуктивен трошок.

Мешање во приватниот сектор кое може да доведе до поголемо задолжување за помагање на неодредена категорија граѓани. Ова се реакциите на економистите за владината иницијатива за субвенционирање на станбени кредити. Општите услови за владина помош, според медиумските извештаи, се нерешено станбено прашање
Па може да се смета како интервенционизам, меѓутоа сметам дека и доколку би постоело интервенционизам подобро би било доколку би било во некоја друга категорија отколку во оваа.
и приходи до 900 евра.

Економскиот аналитичар Шенај Хаџимустафа вели дека пореално би било да се одвојат пари за подршка на сиромашните кои поради недостиг на примања не можат да си дозволат стан ни на кредит:

„Па може да се смета како интервенционизам, меѓутоа сметам дека и доколку би постоело интервенционизам подобро би било доколку би било во некоја друга категорија отколку во оваа. Значи во економијата постојат голем број на сектори каде што навистина е потребна помош, зборувам за реалната економија каде што ефектите од истите, значи тие позитивни сигнали би биле многу поголеми отколку да се вложат во овој сектор.“

Има и други сектори во економијата каде што владата може да придонесе со помош, сметаат експертите

Освен за економската оправданост на мерката, се поставува и прашање за тоа колку е фер оваа постапка? Субвенциите ќе се покриваат со народни пари од Буџетот и останува да се види како ќе реагира онаа категорија граѓани кои без државна помош отплаќаат стан и плаќаат данок, ако знаат дека со нивни пари се плаќа туѓ стан. Побитно прашање, според економистите е што ќе се постигне? Економскиот аналитичар Висар Адеми смета дека станува збор за непродуктивен трошок:
Јас мислам дека ако веќе државата се грижи за овој народ мислам дека треба да се направат некои програми за преквалификација на оваа маса на невработени за да се потикне вработеноста, а со тоа што им плаќаш станови ништо не правиш.

„Јас мислам дека ако веќе државата се грижи за овој народ мислам дека треба да се направат некои програми за преквалификација на оваа маса на невработени за да се потикне вработеноста, а со тоа што им плаќаш станови ништо не правиш, тоа е само вртење во круг, бидејќи со тој стан тие повторно немаат перспектива, но и за тебе е лошо бидејќи се задолжуваш, а долгот расте.“

Мерката беше промовирана пред избори, што создава сомнение дека станува збор за предизборно ветување, велат економистите. Адеми објаснува:

„Реперкусиите како и на сите други проекти што ги прави државата ќе ги видиме после неколку години, за жал ако за „Скопје 2014“ го гледаме крајот дури во 2014 година, во овој проект ќе постои еден континуитет на тоа што се нарекува плаќање на долгови на граѓаните.“

Проценките за трошокот на овој проект на годишно ниво се различни. Се шпекулира дека субвенционирањето на станбени кредити ќе ја олесни државната каса за од 12 до 80 милиони евра.
XS
SM
MD
LG