Достапни линкови

Тепачка меѓу ученици во Македонски Брод


Учиници во училишниот двор на гимназијата ,,Свети Наум Охридски"
Учиници во училишниот двор на гимназијата ,,Свети Наум Охридски"

Масовна тепачка меѓу ученици од македонска и турска националност деновиве се случила во средното училиште „Свети Наум Охридски“ во Македонски Брод.

Родителите на деца од македонска националност кои учат во средното училиште „Свети Наум Охридски“ од Македонски Брод бараат институциите на системот да преземат итни мерки за да прекинат тензиите и анимозитетите со нивните соученици од турска националност од Пласница. Според родителите, нетрпеливоста меѓу двете групи ученици трае речиси две
Моето дете си дојде плачејќи пред една недела, в гуша фатено, му рекле ќе те
заколиме.
години, но деновиве таа кулминира, па во дворот на школото избила масовна тепачка која продолжила надвор. При тоа полесно се повредени повеќе ученици, а искршени се стаклата на влезната врата во школото. Родителите се жалат дека интервенирале подолг период, но ниту школото, ниту полицијата не презеле мерки.

„Не на протест, дојдовме да ги доведиме учениците и бараме гаранција за децата за безбедност, оти ова е година дена, децата не се безбедни. Моето дете си дојде плачејќи пред една недела, в гуша фатено, му рекле ќе те заколиме.“

„Да се договориме, да нема тепање, ова да биде школо, пошто е гимназија, да биди гимназија вистинска, ама ова не личи на гимназија, личи на каубојско школо“, велат Душан Столески и Ленче Радеска, едни од ретките родители кои одлучија јавно да зборуваат за проблемот.

И учениците одбиваат да говорат. Вратите
Се работи за група од тројца-четворица млади деца, кои што се на училиште таму од нашите и тројца-четворица од Македонски Брод кои се проблематични. Дури и ќе предложам денеска да тие се санкционираат поригорозно, да бидат истерани од
гимназија.
на школото се затворени, велат дека директорот бил службено, а од Државниот просветен инспекторат истакнуваат дека во тек е инспекциски надзор за утврдување на причините за конфликтот.

Министерството за образование ги повикува институциите да преземат мерки да се реши проблемот. Апелира до родителите и учениците да нема тензии, а го повикува градоначалникот на општина Македонски Брод, Милосим Војнески, општината, согласно со законот да обезбеди услови за непречена настава во школото.

Исмаил Јаоски и Милосим Војнески, градоначалници на Пласница и Македонски Брод

За градоначалникот на Пласница, пак, се работи за тинејџерски конфликт, чии што актери треба да бидат санкционирани:

„Се работи за група од тројца-четворица млади деца, кои што се на училиште таму од нашите и тројца-четворица од Македонски Брод кои се проблематични. Дури и ќе предложам денеска да тие се санкционираат поригорозно, да бидат истерани од гимназија, понатаму да нема такви проблеми“, вели градоначалникот Исмаил Јаоски.

И неговиот колега од Македонски Брод, Милосим Војнески повикува на институционално решавање на проблемот.

„Преку Совет на родители и Училишен одбор ќе ги вклучиме двете локални самоуправи и за среќа проблемот не е национален. Проблемот е тинејџерски помеѓу две групи, кои се натпреваруваат кој е појак, да се докажуваат како млади луѓе. Меѓутоа ние тука ќе застанеме и нивните родители имаат став тие да се казнат, има санкции што ќе се преземат од Училишниот одбор, директорот на училиштето се со цел да се смири ситуацијата“, изјави градоначалникот Војнески.

Од полицијата соопштуваат дека истрагата за конфликтот е во тек, а родителите тврдат дека доколку тензиите продолжат ќе ги отпишат учениците од школото, зашто не може и натаму да ги трпат тензиите.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG