Достапни линкови

Американски мировен корпус во Македонија


Припадниците на Американскиот мировен корпус во училиште во општина Ростуше
Припадниците на Американскиот мировен корпус во училиште во општина Ростуше

Во училиштата во општина Маврово – Ростуше голем придонес во реализација на програмите во училиштата по предметот англиски јазик даваат припадниците на Американскиот мировен корпус.

Повеќе од една година, во основното училиште Ѓорѓија Пулевски во Ростуше, активности има Меридит Бронстлер. Таа, покрај бројните активности во училиштето, учествува и во помагање при реализација на проекти во локалната самопурава, а од страна на населението е одлично примена.

„Овде во Македонија пристигнавме во септември минатата година. Прво бевме во Куманово, го учевме македонскиот јазик, а сега сме во Ростуше и Дебар. Овде сме многу добро прифатени. Во Македонија луѓето се добри пријатели. Сите ме викаат на кафе и со многу семејства сум добра пријателка. Во однос на интересот за учење на англиски јазик, можам да речам дека интересот е многу голем“ истакнува Меридит.
Овде сме многу добро прифатени. Во Македонија луѓето се добри пријатели. Сите ме викаат на кафе и со многу семејства сум добра пријателка. Во однос на интересот за учење на англиски јазик, можам да речам дека интересот е многу голем.


Величе Стојановска е наставничка по англиски јазик и е една од многуте пријателки на Меридит.

Припадници на Американскиот мировен корпус
„Со Мери се знаеме една година. Таа од самиот почеток кога дојде овде се покажа како многу комуниктивна личност. Таа ни овозможи да се информираме повеќе за САД и англискиот јазик, а ние ја информиравме за нашите простори и традиции. Таа има многу пријатели и пријателки како во училиштето така и во селото Ростуше и пошироко. Со колегите и колешките бевме изненадени колку брзо се прилагоди кај нас“, истакнува Стојановска.

Директорот на основното училиште во село Ростуше Рејхан Дурмиши ја изнесува оценката дека мошне значајна е улогата на припадничката на Американскиот мировен корпус особено околу наставните програми по англиски јазик.

„Преставничката на Американскиот мировен корпус во училиштето Ѓорѓија Пулевски игра значајна улога во целиот воспитно образовен процес и посебно во наставата по англиски јазик. Таа спроведува и овозможува бројни активности согласно програмата на Министерството за образование и Бирото. Таа ги мотивира учениците за подбори резултати. Нејзината улога е од огромно значење и корист“, вели Дурмиши.

Деновиве во организација на преставниците на Американскиот мировен корпус се одржа натпревар по правопис на англскиот јазик, за најдобрите ученици од основните училишта во општините Дебар, Маврово Ростуше и центар Жупа. Резултатите беа мошне добри, а оценка на организаторите е дека рапидно се зголемува интересот на учениците за изучување на англискиот јазик.
  • 16x9 Image

    Кенан Мимидиновски

    Кенан Мимидиновски, роден 1954 во Дебар. Завршил Правен факултет во Скопје, а со новинарство професионално се занимава 30 години. Најпрвин во Радио Дебар како новинар, а подоцна 12 години и како главен и одговорен уредник . Дописник на Радио Слободна Европа од Дебар е од 2001 година.

XS
SM
MD
LG