Достапни линкови

Скапи училишни екскурзии


Средношколските екскурзии ја вжештија атмосферата во битолскиот Совет. Опозицијата обвинува за невообичаени и скапи средношколски екскурзии.

Опозицијата обвини за нецелисходни патувања, како што се шопинг тури за време на македонски празници во Турција, отсуства во екот на оценувањето, а екскурзанти се и ученици од прва година кои само што започнале со
Се организираат скапи екскурзии во странство, не само за ученици од трета, туку сега замислете одат и учениците од прва година. Сега се запишале и веќе заминале на екскурзија. Да речам ,,ни мање ни више", ајде малку на српски, отишле на Крф.
средното одбразование. Директорите на училиштата велат дека патувањата биле во согласност со наставниот план и програма.

„Се организираат скапи екскурзии во странство, не само за ученици од трета, туку сега замислете одат и учениците од прва година. Сега се запишале и веќе заминале на екскурзија. Да речам „ни мање ни више“, ајде малку на српски, отишле на Крф. Од Таки Даскало една група, во екот на оценување, кога и временските услови не се за такво патување. Потоа, во Економско училиште постоела екскурзија за Турција за 11 октомври за ученици од прва и втора година. Што бараат тие ученици, тие сега се запишале, па да одат на шопинг во Туција“, вели Лилјана Обедниковска советничка од СДСМ.
За 2008/2009 година по просек на ученик имало 27 изостаноци, за во учебната 2009/2010 година тој просек изнесува 72 изостаноци по ученик.


Со ова се зголемил и процентот на отсуства, вели советничката Јулијана Силјановска.

„За 2008/2009 година по просек на ученик имало 27 изостаноци, за во учебната 2009/2010 година тој просек изнесува 72 изостаноци по ученик. Станува збор за повеќе од сто отсто зголемување на изостаноците.“

Битола

Директорите на училиштата објаснуваат дека екскурзиите се традиционални за трета година, но можно е да се има приклучено и некој од прва.

„Екскурзиите се традиционални и се одржуваат секогаш за трета и втора година. Ако можеби некое дете од прва година пројавило желба да биде присутно на екскурзијата, јас немам таков податок, најверојатно тоа му е и овозможено“, вели Анита Анѓелевска, директор на средното училишта „Таки Даскало“.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG