Достапни линкови

Копаничарска колонија во Велес


Ликовно копаничарска колонија во Велес
Ликовно копаничарска колонија во Велес

Традиционалната сликарско-копаничарска колонија „Папрадишки мајстори“ наместо во село Папрадиште, оваа година се одржува во Велес.

Прекрасната природа како инспирација заменета со урбаниот Велес. Куќата на Касапови и на Џинот ќе бидат централноте места за творење. Организарорите се одлучиле за оваа промена со цел културно да заживеат двете ќуки, но дали и во иднина Папрадишки мајстори ќе бидат во Велес зависи од самите уметници, вели градоначалникот Горан Петров.

„Оваа колонија посветена на Папрадишките мајстори ќе си го задржи името, меѓутоа местото на одржување сега е во Велес, што
Оваа колонија посветена на Папрадишките мајстори ќе си го задржи името, меѓутоа местото на одржување сега е во Велес, што не значи дека ќе остане засекогаш така. Доколку по неколку години има поинаква идеја, поинаква намена ќе го почитуваме тоа и колонијата ќе продолжи со својот живот без оглед на тоа каде
се наоѓа.
не значи дека ќе остане засекогаш така. Доколку по неколку години има поинаква идеја, поинаква намена ќе го почитуваме тоа и колонијата ќе продолжи со својот живот без оглед на тоа каде се наоѓа“, вели Петров.

На шестата сликарско-копаничарска колонија „Папрадишки мајстори“ ќе учествуваат 12 сликари и шест копанирачи од земјава, но и гости од Романија, Србија, Словенија и Бугарија. Колонијата, како што велат организаторите е од отворен едукативен карактер, ги повикаа сите љубители на уметноста, но и сите уметници да бидат дел од велешките Папрадишки мајстори. На прашањето што доби, а што изгуби колонијата организаторите велат:

„Добивме презентација на Велес, добивме две куќи кои ќе се стават во функција, каде ќе може да се прават едукации за резбарењето, колонии и во зимно време, ќе се облагородат, ќе се стават кревети, ќе станат функционални, ќе се прават изложби. Го губиме логорскиот оган навечер во Папрадиште и спиењето со две кебиња на 40 целзиусови степени“, вели Љубомир Бисин, раководител на копаничарскиот дел.

Раководителот на сликарскиот дел Ангел Коруновски, пак, вели:

„Сега уметниците ќе осеќаат поголема слобода поради тоа што ќе бидат во скрос различна средина, во еден жив град каде слободно ќе може да се прошетаат, да отидат кафе да се напијат да осетат значи не оној испоснички творечки амбиент, но сега имаат различен творечки амбиент кој може да го сфатат како ’ворк шоп‘ , запознавање со самиот град, на самата култура во градот.“

Колонијата е отворена до 13 август. А она по што друго ќе се разликува од досегашните пет е тоа што уметниците наместо делото кое ќе го работат на колонијата може да остават некое кое веќе го имаат направено, или дело кое по завршување на колонијата ќе го направат.
XS
SM
MD
LG