Достапни линкови

Дела од Галичката колонија и од Глигор Васков


Bosnia and Herzegovina - Association of Citizens "COLON"present their activities in the feld of prevention and
Bosnia and Herzegovina - Association of Citizens "COLON"present their activities in the feld of prevention and

: Само во два дена, во Националната галерија на Македонија, ќе бидат отворени две ликовни изложби. Во објектот Мала станица ќе бидат претставени делата од традиционалната биенална Галичка колонија, а во Чифте амам ќе биде поместена самостојната поставка на академскиот сликар Глигор Васков.

Уметнички врски и размена на идеи е насловена традиционалната биенална изложба на Ликовната колонија Галичник. На оваа групна поставка на љубителите на уметноста ќе им бидат претставени 60 дела од 18 автори, учесници на сесиите на оваа реномирана манифестација за периодот 2007 – 2008 година. Со овој чин се одбележуваат двете децении од постоењето и авторското пулсирање на оваа значајна меѓународна уметничка работилница, јубилеј кој уште еднаш го потврдува квалитетот и современите тенденции на организаторите – сликарот Нове Франговски и Ана Франговска Стојановска.
Оваа година ликовната колонија Галичник воведе една новина, внесувајќи творештво со нови, дигитални медиуми


„На оваа изложба се уште се поприсутни покласичните медиуми, значи, сликарство, скулпорство се главните двигатели преку кои што се соопштуваат идеите и гледања на Галичник, секако надополнети со она што го носат со своето претходно уметничко образование“

вели Франговска – Стојановска. Маја Чанкуловска Михајловска, пак, во предговорот за каталогот за оваа поставка како особено значаен момент од делувањето на Галичката колонија го издвојува фактот што таа е една од ретките ликовни работилници кај нас, па и на Балканот, која е секогаш отворена за младите уметници кои негуваат различни видови современ визуелен артистички израз.

„Оваа година ликовната колонија Галичник во својата редовна сесија којашто се одржа во август воведе една измена, внесувајќи работа со нови, дигитални медиуми. Тоа за Македонија, а веројатно и за Балканот е раритет“

дополнува Ана Франговска Стојановска.
Од друга страна, во Националната галерија на Македонија, во објектот Чифте амам ќе биде отворена осмата самостојна изложба на академскиот сликар Глигор Васков. Роден во 1964 година во Скопје, тој завршил Факултет за ликовни уметности во класата на професорот Ристо Калчевски. Член е на ДЛУМ од 1991 година, работи како професор по ликовна култура и добитник е на неколку престижни ликовни признанија како Никола Мартиновски за цртеж во 1998 година од ДЛУМ, Вангел Коџоман исто така за цртеж една година подоцна, признание што го доделува КИЦ и наградата Ванчо Георгиевски што им се доделува на ликовните педагози во 2003 година.
За неговата нова ликовна понуда се вели дека следи две нужности. Првата е основната, глобалната структура на композицијата, конструкција што упатува на големата приказна при што се вели дека тој влегува слободно и интуитивно и втората дека извонредно многу се грижи за нејзината внатрешна структура.
Изложбата на Глигор Васков, ликовната публика ќе има можност да ја проследи до 23 овој месец.
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG