Достапни линкови

Ромите на маргините од општеството


Истражувањето спроведено од Невладиниот сектор во рамките на ,,Декадата на Ромите" покажува дека оваа популација и натаму живее на маргините на општеството. Егзистенцијалните проблеми, немањето здравствена заштита, лошите услови во кои живеаат се главни проблеми со кои се соочува Ромското население.

Само неколкумина од вкупно 4500 евидентирани Роми кои што живеат во Прилеп се вработени. Уште толку граѓани од ромската популација немаат лична документација, па живеат без права, но и без обврски во државата. Сиромаштијата, борбата за гола егзистенција, недостигот на финансии за лекување и образование, а од друга страна и огромните предрасуди и стереотипи, како и дискриминацијата на прилепските работодавци се се уште големи кочници во ромската заедница во Прилеп. Ова го покажуваат
Во областа на домувањето Шуто Оризари е најкритична област, каде што граѓаните велат дека многу голем процент од нив остануваат без домови. Исто така Општина Гостивар и Општина Битола имаат проблем со имотната документација и со урбанизацијата
резулатите од истражувањето што е спроведено во градот во рамките на Декадата на Ромите, која што трае до 2015-та година. Како што истакнуваат од невладиниот ресор кој што врши мониторинг на општинската и државна политика, но и ги следи перцепциите на ромската популација, единствено мало позитивно придвижување е регистрирано во областа на основното и средно образование, но и натаму 80% стагнира високото образование во однос на претходните години.

„Односот на Локалната самоуправа во моментов, значи можеме да кажеме дека конкретни акции во однос на Декадата за вклучување на Ромите нема преземено во изминатиов период, освен одредени акции кои што се спроведени во делот на домување и тоа во делот на урбанистичко планирање на населбата Тризла 2. Меѓутоа во останатите области немаме конкретни акции или иницијативи преземени од Локалната самоуправа.“

Вели Незмие Салиоска, локален монитор на иницијативата „Декадна стража“.
Но, состојбата не е ни малку подобра во другите 17 градови каде што е спроведено истражувањето. Како што велат од граѓанското зружение „Инсок„ од Скопје, резултатите не покажуваат и не ветуваат многу. Во четирите области: здравство, домување, образование и вработување, единствени позитивни промени се бележат во образованието, а најслаба област е домувањето, проблем кој воопшто не е решаван во изминатиот период.

„Во областа на домувањето Шуто Оризари е најкритична област, каде што граѓаните велат дека многу голем процент од нив остануваат без домови. Исто така Општина Гостивар и Општина Битола имаат проблем со имотната документација и со урбанизацијата, значи општината е многу пасивна, не презема ништо за да тоа се измени.“
Ромите остануваат како најмаргинализирана група во државава


вели Шеила Фидани од граганското здружени „Инсок„ и додава дека според 93% испитаници, сиромаштијата и вработувањето се ненадминливи проблеми.

„Ромите остануваат како најмаргинализирана група во државава. Она што треба да се направи е државата да обрне повеќе внимание на јавните политики кои се обврзала да ги спроведува односно ги потпишала,меѓутоа не ги спроведува.“

Додава Фидани. Невладиниот ресор со констатација дека статусот на Ромите ќе се подобри доколку државата ги зголеми финасиите за ромската заедница, ако ромските политички партии почесто заедно настапуваат и доколку се координираат активностите меѓу имплементаторите на Декадата на Ромите, меѓу Националниот координатор и Министерството за труд и социјална политика.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG