Достапни линкови

Живот во мизерни услови


Дури на истекот од декадата посветена на ромите, властите најавуваат подобрување на нивниот живот. Сеуште живеат во гетоизирани населби, без вода, струја, канализација, асфалтни патишта, улично осветлување.

Капиталните проекти за подобрување на животот на ромското население останаа да се спроведуваат во последната година од декадата на Ромите. И по девет години од десетолетието кое требаше да им го олесни животот, битолските Роми живеат во еден вид гетоизирана населба на Баирот без вода, струја, канализација, асфалтни патишта, улично осветлување. Сега на истекот на декадата надележните им ја подгреваат надежта со најави дека 2010 година ќе биде ренесансна година во која ќе добијат урбанизирана населба. Но, жителите се скептични и велат една ластовичка не ја носи пролетта.
Многу е валкано, кај нас горе во „Петта“ е гнаса. Како да го пуштам детето на школо кога немам услови. Какви услови да имам со едно социјално од 1500 денари живееме. Се нема. Денес ако имам вода ќе исперам, утре ако немам не


,,Многу е валкано, кај нас горе во „Петта“ е гнаса. Како да го пуштам детето на школо кога немам услови. Какви услови да имам со едно социјално од 1500 денари живееме. Се нема. Денес ако имам вода ќе исперам, утре ако немам не. Вашите се почисти, нашите се погнасни и се разделуваат. Во паралелката каде што моето дете учи прво одделение сите се Роми."

вели Ферика Џеладинова.
Ваквите состојби наметнуваат ксенофобичност во училиштата при што се почесто се јавуваат етнички чисти паралелки.

,,Сето тоа произлегува од проблемот со неурбанизирана населба зашто кога ќе доаѓаат учениците од таму во некое од училиштата, а 90 проценти од нив се во основното училиште „Ѓорги Сугарев“, самите не Роми ги дискриминираат Ромите зашто доаѓаат каливи, водени, неиспрани, нечисти, валкани. Самите несакајќи, тоа се сепак само деца, ги нарекуваат Ѓупци, Цигани итн."
Со цврсто ветување денес во вашиот град останувам и велам дека 2010 година ќе нема улица во Битола која нема да биде неасфалтирана

истакнува Сенадин Канановски од НВО „Баирска светлина“.
Министерот без ресор Неждет Мустафа и кооринатор на декадата, соопшти дека за 2010 година се обезбедени 18 милиони денари за подобрување на инфраструктурата во ромските населби.

,,Со цврсто ветување денес во вашиот град останувам и велам дека 2010 година ќе нема улица во Битола која нема да биде неасфалтирана, каде ќе нема канализација и водовод поставено. Така амбициозно нашата влада ќе влезе во најмизерните најсубстандардни живеалишта каде што живеат Ромите во државата. 2010 година да биде година на подобрување на живеењето на ромската заедница."

изјави министерот.
Тој на пропушти да потсети дека има потпишано меморандум со 18 градоначалници низ земјава, меѓу кои и со битолскиот Владимир Талески, дека 25 проценти од буџетот ќе издвојуваат за инфраструктурни прокети во ромските населби. Од 2011 година се очекува отстранување на картон малата, а на нивно место да се појават типизирани куќи за што средства ќе се побараат од предпристапните евроспки фондови.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG