Од 1 февруари, Косово забрани за употреба на девизи во земјата, што го комплицира секојдневниот живот на многу етнички Срби кои примаат пензии и други плаќања во српски динари. Соединетите Држави вршат притисок врз Косово да ја преиспита забраната.
Русите кои биле подложени на терапија за конверзија на ЛГБТ во Русија, говореа за РСЕ за бруталниот третман што го доживеале. Едно лице кое сакало да се подложи на операција за промена на полот се сеќава дека било принудено да кастрира свиња.
Во Русија, наредниот викенд, се одржуваат претседателски избори, на кои актуелниот претседател Владимир Путин, речиси сигурно ќе победи. Со тоа, Путин ќе биде со најдолг стаж на лидерската позиција во Русија, по Сталин.
Закажувањето за фотографирање, фотографирањето и подигањето на новите пасоши, се чини дека е подобрено, но сеуште има проблеми. Го посетивме пунктот на МВР во Македонската телевизија, каде што има подобрување, но граѓаните и натаму тешко ги добиваат новите пасоши.
Луѓето што мигрираат и активистите сведочат за РСЕ за насилството на српската полиција на границата со Северна Македонија. Иако српското МВР негира насилно протерување на луѓе во соседна Северна Македонија, бегалците со кои разговараше РСЕ од двете страни на границата го тврдат спротивното.
Никола Нешкоски од Скопје со велосипед го освои Охос дел Саладо - највисокиот активен вулкан во светот, со што се приклучи на група од само десет поединци кои успеале да направт ваков подвиг. Илија Деревјов беше дел од експедицијата на Андите.
Новиот извештај на „Шеми“, истражувачка секција на украинскиот сервис на РСЕ, ги открива имињата и идентитетите на руските војници одговорни за поставување противпешадиски мини во Украина. Тие мини се забранети според меѓународните конвенции.
Околу 20.000 војници на НАТО ја преминаа реката Висла во северна Полска, како дел од воената вежба наречена „Змеј 24“. Маневрите се дел од манервите на Алијансата „Решителен бранител“, во која учествуваат околу 90.000 војници од сите 31 земја на НАТО. Вежбата е најголема на НАТО од Студената војна.
Погребот на починатиот опозициски лидер, Алексеј Навални, ќе се одржи на 1 март во московска црква во близина на неговиот дом. Во своето обраќање пред Европскиот парламент на 28 февруари, Јулија Навалнаја, неговата вдовица, рече дека телото на Навални било „злоупотребувано“ по неговата смрт.
Две години откако Русија ја започна целоснаta инвазија на Украина, дописниците на „Current Time“ Борис Сачалко, Андриј Кузаков и Олексиј Продајвода, ги пренесуваат нивните воени искуства заедно со снимателите и возачите кои се составен дел од тимовите за известување.
Физичките пресметки меѓу млади гo полнат билтенот на македонското Министерство за внатрешни работи. Но, младите се повредуваат меѓусебно и со зборови. За тоа каде е коренот на агресијата и што може да се направи за сликата да се подобри, зборувавме со млади, со родители и со психолог Никола Дукоски.
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, во интервју за РСЕ вели дека НАТО членките се посветени да направат повеќе за да обезбедат Украина да победи во битка за протерување на руските сили, при што Алијансата „значително го променила“ својот став за обезбедување понапредно оружје за Киев.
Вчитај повеќе