Рутинска посета која треба да стави акцент на економската соработка меѓу Руската Федерација и земјите од регионот. Вака домашните експерти ја коментираат посетата на првиот човек за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров во земјава и регионот. Поранешниот амбасадор на Македонија во Русија, Ристо Никовски вели дека посетата на Лавров е добредојдена.
„Нашите политичари се зафатени со домашните проблеми, со евроатлантските интеграции, со блокадите и уцените со кои сме таму соочени и не оделуваат доволно внимание за диверзификација на односите на земјава со другите важни меѓународни фактори.“
Евроатланската определба на земјата не влијае на односите со Русија, посочува Никовски.
„Нашата ориентација кон НАТО и ЕУ воопшто не е пречка за Москава и тука остава простор за секаков развој на односите со Руската Федерација.“
Со ваквиот став се согласува и професорот по меѓународни односи, Назми Малиќи. За Русија, Балканот не е интересен од стратешки, туку од економски аспект, се согласуваат Малиќи и Никовски.
„Руската Федерација е во тек на градење на нивни дипломатски односи и соработката со НАТО и во Советот на НАТО кои се доста значајни со нивниот комитет, значи во таа институционална соработка што ја имаат со НАТО“, вели Малиќи.
„Руската Федерација е концентрирана на развој на економската соработка, сака да ги валоризира своите компаративни предности, а тоа е богатството со енергенси и на тој план е исклучително успешна“, вели Никовски.
Лавров доаѓа во Македонија по седум години, а во рамките на својата балканска турнеја, која ги опфаќа Србија, Црна Гора и Словенија. Лавров во Охрид ќе стави потпис само за планот за консултации меѓу министерствата за двете земји, а во име на Русија ќе предаде копии од архивски документи кои за земјава имаат големо историско и национално значење.
Договорот за соработка меѓу двете земји, ќе биде потпишан до крајот на годината, за време на посетата на висока македонска делегација во Москва.
Нашите политичари се зафатени со евроатлантските интеграции, со блокадите и уцените со кои сме таму соочени и не оделуваат доволно внимание за диверсификација на односите со другите важни меѓународни
фактори.
„Нашите политичари се зафатени со домашните проблеми, со евроатлантските интеграции, со блокадите и уцените со кои сме таму соочени и не оделуваат доволно внимание за диверзификација на односите на земјава со другите важни меѓународни фактори.“
Евроатланската определба на земјата не влијае на односите со Русија, посочува Никовски.
„Нашата ориентација кон НАТО и ЕУ воопшто не е пречка за Москава и тука остава простор за секаков развој на односите со Руската Федерација.“
Со ваквиот став се согласува и професорот по меѓународни односи, Назми Малиќи. За Русија, Балканот не е интересен од стратешки, туку од економски аспект, се согласуваат Малиќи и Никовски.
Претседателот Ѓорге Иванов на средба со неговиот руски колега Дмитриј Медведев за време на Економскиот форум во Санкт Петерсбург на 18 јуни 2010
„Руската Федерација е во тек на градење на нивни дипломатски односи и соработката со НАТО и во Советот на НАТО кои се доста значајни со нивниот комитет, значи во таа институционална соработка што ја имаат со НАТО“, вели Малиќи.
„Руската Федерација е концентрирана на развој на економската соработка, сака да ги валоризира своите компаративни предности, а тоа е богатството
Руската Федерација е концентрирана на развој на економската
соработка.