Достапни линкови

Фукушима како Чернобил


Во Јапонија на највисоко седмо ниво е подигнато нивото на опасност од радиоактивност од нуклеарната централа Фукушима која беше оштетена од земјотресот и цунамито пред еден месец. Ова ниво е исто како и она во Чернобил во 1986 година. Во меѓувреме, во Јапонија расте незадоволството од активностите на владата за надминување на последиците од катастрофата.

Нуклеарната катастрофа во Јапонија досега беше на нивото пет, според Меѓународната нуклеарна и радиолошка скала, исто како и при инцидентот во 1979 година со нуклеарката на Островот Три Милји во Соединетите Држави.


Според меѓународната скала, нивото седум означува големо ослободување на радиоактивен материјал кој има ефекти врз здавјето на луѓето и природата.

Сепак, јапонските експерти наведуваат дека количеството радиоактивен материјал испуштено досега од Фукушима е само десет отсто од она што било испуштено во Чернобил.


„Врз основа на податоците собирани уште од 18 март ние го покачивме нивото на седум. Како и да е, емисијата на радиоактивни супстанци е околу 10 отсто од онаа во Чернобил која исто така имаше ниво седум“, изјави Хидехико Нишијама, од Јапонската агенција за нуклеарна и индистриска безбедност.

Реакторите во Фукушима испуштаат радиоактивен материјал откако системите за разладување беа погодени од силниот земјотрес и цунамито што
Врз основа на податоците собирани уште од 18 март ние го покачивме нивото на седум. Како и да е емисијата на радиоактивни супстанци е околу 10 насто од онаа во Чернобил која исто така имаше ниво
седум.
на 11 март го разурнаа североисточниот дел на Јапонија.

Илајдници семејства беа принудени да ги напуштат нивните домови, а деновиве некои од нив имаа можност накусо и да ги посетат.

„Се надевам дека тие ќе можат да го решат нуклеарниот проблем што е можно поскоро иако не знам колку години ќе им треба за тоа. Областа е целосно уништена“, изјави Садаму Цунакава од гратчето Минамисома што се наоѓа на само 18 километри од Фукушима.

Ниту експертите не можат да претпостават кога би можело тоа да се случи, со оглед на фактот што сите напори за запирање на радијацијата се со скромни резултати, а реакторите и натаму остануваат надвор од контрола.


Според некои оценки, ќе требаат неколку месеци за нивно стабилизирање и повеќе години да се исчисти радиокативноста од тоа подрачје.

Катастрофата покрена големи критики, како и протести против владата на премиерот Наото Кан.

„Бараме од владата на Кан да го запре пумпањето радиоактивна вода од нуклеарката Фукушима во морето, да престане да ги крие информациите и да ги спаси жителите на Фукушима од натамошна радиоактвна конатминација“, изјави еден од демонстрантите во Токио.

Меѓународната агенција за нуклеарна енергија во Виена соопшти дека во првите две недели од катастрофата радиоактивноста од Јапонија се прошири низ целата северна хемисфера.

Неколку земји, поради стравувања од контаминација, веќе го забранија увозот на јапонска храна.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG