Достапни линкови

Странските агенции за антивладиниот протест во Скопје


Странските агенции за вчерашниот протест во Скопје
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:40 0:00

Странските агенции за вчерашниот протест во Скопје

Десетици илјади луѓе се собраа во неделата во центарот на Скопје барајќи оставка на конзервативниот премиер Никола Груевски, јавуваат странските новински агенции, посочувајќи дека дел од демонстрантите на мирниот протест остануваат пред владата се до исполнувањето на ова нивно барање.

Над сто илјади граѓани се собраа и имаме поддршка од различни етнички групи во нашата земја. Ова не може да го организира само една партија, го цитира агенцијата Асошиетед прес лидерот на СДСМ Зоран Заев кој оценува дека собирот бил силна порака до владата и до премиерот да поднесат оставка.

Агенцијата јавува дека голем дел од демонстрантите заминале, но оти стотици други поставиле шатори пред владината зграда со намера да останат со денови.

„Слободата и демократијата нема цена за нас и нема да запреме додека овој диктатор не поднесе оставка“, вели еден од демонстрантите за Асошиетед прес. Оваа агенција наведува дека на протестот имало и Македонци и Албанци.

Премиерот кој до пред неколку месеци се чинеше дека има сигурна контрола врз власта сега е под притисок. Веејќи македонски албански, турски и ромски знамиња на протестот во Скопје е побарана негова оставка.
Франс прес.

Груевски кој победува на изборите од 2006 година остро ги отфрли обвинувањата за злоупотреби на власта за што во претходните месеци преку објавување прислушувани разговори го обвини лидерот на опозицијата Заев. Груевски, пак, го обвинува Заев дека учествува во пуч поддржан од неименувани странски разузнавачки агенции.

„Во малата балканска земја поделена со длабока политичка криза и се уште шокирана од борбите со албански вооружени лица во кои загинаа 18 луѓе, поддржувачите на Груевски денеска ќе маршираат по вчерашниот покажување на силата на опозицијата.“

Ова го јавува новинската агенција Франс прес, наведувајќи дека премиерот кој до пред неколку месеци се чинеше дека има сигурна контрола врз власта сега е под притисок.

„Веејќи македонски, албански, турски и ромски знамиња на протестот во Скопје е побарана негова оставка“, пишува Франс прес.

Германската новинска агенција, потсетувајќи на изјавата на Груевски дека нема намера да поднесе оставка, за вчерашниот протест во Скопје јавува:

„Рефлектирајќи ја владината контрола врз медиумите, државната телевизија МРТ не известуваше за собирот и покрај проценките дека на него учествуваа најмалку 20 илјади луѓе. Организаторите јавија и за разни трикови со цел да биде намален бројот на учесниците, како откажување автобуси.

Новинската агенција Ројтерс протестот го оценува како „драматично прикажување на етничко единство против владата“.

„Ова е за прв пат заедно да протестирам со Македонците“, вели за оваа агенција Сулејман Рушити кој своевремено беше министер за образование во владата на Груевски.

Ројтерс потсетува и на соопштението на руското министерство за надворешни работи кое обвинува „западни организатори“ дека се обидувале да предизвикаат револуција против владата која ги одбила европските санкции против Русија околу Украина и го поддржува гасоводот Турски тек.

„Ако се повлечам, тоа ќе биде кукавички чекор. Ќе се соочам со нападите“, ја цитира Ројтерс пораката на Груевски од саботата.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG