Достапни линкови

Пачкова со изложба за слободата да се делува општествено


Дороти Пачкова, сликарка.
Дороти Пачкова, сликарка.

„До кога ли вака шепот без екот?“ е насловена изложбата на младата уметница Дороти Пачкова, што од 30 април до средината на мај, се одржува во Галеријата на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп. На оваа втора самостојна постановка, таа се претставува со дела работени во техниката акрил и readymade инсталација, настанати во последниве неколку месеци, со кои ја проблематизира тематиката за улогата на индивидуата, на творецот во општеството и нивната взаемна и интеракција.

По седум месеци од првичното самостојно претставување во Мобилно-монтажна галерија на Центарот за уметност во Паркот на франкофонијата во Скопје, Дороти Пачкова еве ја повторно со нов циклус пред ликовната публика. Овојпат постановката е насловена како „До кога ли вака шепот без екот?“, а ќе се одржи од 30 април до 15 мај во Галеријата на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп.

„До кога ли вака шепот без екот?“ е пред се изложба која зборува за новите доживувања и новооткриените слободи на авторот. Свесни сме сите колку на уметникот му е лагодно и удобно во конфорната зона на индивидуалност и во некој своевиден аутизам, но покрај сите општествени збиднувања мислам дека крајно време е да излеземе и да проговориме.
Дороти Пачкова, сликарка.

Станува збор за изложба на која уметницата донесува дела работени во техниката акрил и readymade инсталација, со кои ја проблематизира тематиката за улогата на индивидуата, на творецот во општеството и нивната взаемна и интеракција.

„До кога ли вака шепот без екот?“ е пред се изложба која зборува за новите доживувања и новооткриените слободи на авторот. Свесни сме сите колку на уметникот му е лагодно и удобно во конфорната зона на индивидуалност и во некој своевиден аутизам, но покрај сите општествени збиднувања мислам дека крајно време е да излеземе и да проговориме. Да излеземе и да го доживееме општеството , да му се доближиме за да можеме полесно да го креираме во полза на сите нас“, вели Пачкова.

Уметницата дополнува дека на оваа своја втора самостојна постановка пред очите на јавноста вади 15-на дела кои се без рамки на тој начин сугерирајќи дека е крајно време „да се излезе од кутијата“.

Конечно треба да ги срушиме стандардите кои не ни се допаѓаат, за да почнеме да градиме нови и да ги преобмислуваме. Да се преобмислуваме себе си и светот околу нас. Шаторчето од инсталацијата е покана за излегување од индивидуалноста. Доволно бевме во шатор. Доволно бевме уметници неразбрани и несфатени. Сега ќе се обидеме ние да го разбереме светот за и тој да не разбере нас и заедно да го градиме да биде подобар.
Дороти Пачкова, сликарка.

„Конечно треба да ги срушиме стандардите кои не ни се допаѓаат, за да почнеме да градиме нови и да ги преобмислуваме. Да се преобмислуваме себе си и светот околу нас. Шаторчето од инсталацијата е покана за излегување од индивидуалноста. Доволно бевме во шатор. Доволно бевме уметници неразбрани и несфатени. Сега ќе се обидеме ние да го разбереме светот за и тој да не разбере нас и заедно да го градиме да биде подобар.

Едноставно отвараме шатори за да можеме да излеземе надвор од нив. Нормално е да имаме некои своевидни оази каде што ќе можеме слободно да твориме но ќе мора тие оази да му ги претставиме на светот.“

Таа е категорична дека уметникот во денешно време треба да биде гласен и така да придонесе во промената на состојбите во општеството.

„Само така треба. Со јасно, гласно и концизно говорење, со истапување во јавноста, со претставување на целокупната ситуација, ете само така ќе можеме да се разбереме едни со други и да го преобмислиме светот. Сè што нам овде и сега ни се случува ќе биде тема на моето творештво. “

Родена 1985 година во Скопје, Дороти Пачкова дипломирала на Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ на отсекот сликарство и графички дизајн во класата на професор Жанета Вангели.

Во еден период од својот живот учествувала на повеќе групни изложби со слики и објекти, гостувала на ликовни колонии, се испробувала во актерството. Изведувала и перформанси по јавни места, кои намерно не ги документирала, така изразувајќи го протестот кон масовната потрошувачка култура што му ја диктира општеството на современиот човек, правејќи го роб на бесцелните и минливи, безсуштински дејства и активности. Со нив исто така сакала да ја истакне уникатноста на поединецот, со тоа што никогаш не повторила еден ист перформанс.

Потем и се случува периодот на просветление и изолација, п што во 2013 година се враќа и по дипломирањето со највисоки оценки неуморно твори и само за неколку месеци потпишува седумдесеттина дела.

Во 2014 работи на неколку концептуални проекти, инсталации, фотографии ...и се претставува со два перформанса со кои ги стимулирала конзументите на размисли за меѓучовечките односи, за човекот-демијург и за животот воопшто како процес на духовна кристализација, а уметноста како основно средство за себерафинирање.

Пачкова е магистрант на Институтот за социјални и хуманистички науки на отсекот по Родови студии и врши истражувања на теми што се однесуваат на општеството, културата и родовата еднаквост и е поборник за правата на маргинализираните и социјално загрозени групи на луѓе.

  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG