Достапни линкови

Жителите гневни - Владата одзема над 1000 парцели во Љубаништа


Проектот што на Охридското Езеро беше најавувано дека ќе го гради индискиот милијардер Субрата Рој.
Проектот што на Охридското Езеро беше најавувано дека ќе го гради индискиот милијардер Субрата Рој.

Жителите на охридското село Љубаништа велат дека ваква експропријација можеби имало во 50-те години од минатиот век.

Жителите од охридско Љубаништа ги повикуваат министрите за финансии и за транспорт и врски, Зоран Ставрески и Миле Јанакиески да дојдат во нивното село и да им ги објаснат намерите зошто земјиштето во Љубанишко Поле, каде се наоѓаат нивните имоти, го пренамениле од земјоделско во градежно.

Полека, полека владата носи закони и ќе ни го одземе земјиштето и ќе каже така е согласно законот. Ваква експропријација не се памети, можеби нешто вака имало во 50-те години.
Наум Ристески, координатор на координативното тело на жителите на село Љубаништа.

Тие најавуваат голем собир на месното население деновиве за кога се повикани и владините министри. Наум Ристески, координатор на координативното тело, вели дека за прв пат се случува да има ваков вид на експропријација каде за изградба на туристичко развојна зона се одзема цело едно поле.

Несудениот проект на Субрата Рој.
Несудениот проект на Субрата Рој.

„Сè со една цел да им објаснат на жителите зошто се прави толку голема масовна експропријација. Ние знаеме дека на експропријација не можеме да се спротивставиме, меѓутоа да се одзема целото поле и затоа некој мора да ни објасни. Нема да има ниту педа слободна земја во иднина“, вели Ристески.

Но знаете што значи да ви одземат сè, во однос на земјиштето целото тоа поле, целиот имот. Револтот е голем. Се одземат 1083 катастарски парцели и тоа е цело поле.
Владо Трајковски, претседател на месната заедница во Љубаништа.

Станува збор за повеќе од 170 хектари земјиште и со овој процес се засегнати повеќе од 300 домаќинства.

„Полека, полека владата носи закони и ќе ни го одземе земјиштето и ќе каже така е согласно законот. Но, не може без никакво образложение и на народот мора да му се објасни. Ваква експропријација не се памети, можеби нешто вака имало во 50-те години“, вели Ристески.

Тој вели дека ако министрите не дојдат, тогаш тие се подготвени да одат и на граѓанска непослушност.

Владо Трајковски, претседател на месната заедница во Љубаништа, кажа дека во зависност од понатамошните барања на месното население, тие ќе се поставуваат.

„Но знаете што значи да ви одземат сè, во однос на земјиштето целото тоа поле, целиот имот. Револтот е голем и тоа е мое лично мислење од контактите секојдневно со населението. Се одземат 1083 катастарски парцели и тоа е цело поле“, рече Трајковски.

Владата оваа одлука ја донесе на седница одржана на 29 декември. Експропријацијата опфаќа и земјиште на Дебарско–кичевската епархија.

XS
SM
MD
LG