Достапни линкови

ЕУ - Корупцијата и медиумите главен кочничар за Западен Балкан


Корупцијата, судството, слободата на медиумите се главните проблеми кои ги поткопуваат кандидатурите за ЕУ на земјите од Западен Балкан.

Корупцијата и ограничувањето на слободата на печатот ги поткопуваат кандидатурите на Србија и на Црна Гора во Европската унија, наведува Европската комисија во извештајот за напредокот на земјите-кандидатки.

Црна Гора е за пофалба, оти земјата во 2010 година доби кандидатски статус, а две години подоцна затворила дури 12 поглавија, од кои две веќе се привремено затворени.

Црна Гора е најблиску до ЕУ

Во извештајот се вели дека Црна Гора е најблиску до влезот во ЕУ од земјите од Западен Балкан. Но, се наведува дека преговорите ќе се забават, освен ако Црна Гора не направи напредок во судските реформи. Еврокомесарот во заминување Штефан Филе вели дека напредокот на Црна Гора е за пофалба, оти земјата во 2010 година доби кандидатски статус, а две години подоцна затворила дури 12 поглавија, од кои две веќе се привремено затворени.

За Србија, најголема критика за медиумите

Понатаму за Србија се наведува дека таа направила „ голем политички поттик во борбата против корупцијата“, со почетокот на преговорите во јануари. Но Брисел вели дека Белград мора да обезбеди независно судство и борба против корупцијата, кој се уште е распространета во многу области. Постојат проблеми и со плановите на Белград за изградба на гасоводот Јужен тек и со одбивањето на Белград да воеде санкции кон Русија.

Слободата на изразување е влошена, особено во првата половина на 2014 година, со растечки тренд на самоцензура и несоодветни влијанија на уредувачката политика.

Но, најголемата критика за Србија е поврзана со медиумите. Во извештајот се наведува дека „слободата на изразување е влошена, особено во првата половина на 2014 година“, со растечки тренд на самоцензура и несоодветни влијанија на уредувачката политика.

Босна и Херцеговина останува во застој

Според ЕК, Босна и Херцеговина „останува во застој“, при воспоставувањето на функционални институции. Листата на жалби против Босна И Херцеговина е долга и вклучува слаба соработка со граѓанското општество од страна на сите нивоа на власт, како и мал напредок да се направи функционална пазарна економија во земјата. Исто така се критикува дека „политички мрежи“ се широко распространети и влијаат на сите нивоа на власта, како и тоа дека нема политичка волја да се направат потребните реформи во судството и во борбата со организираниот криминал и корупцијата.

Како порблем за Косово се нотираат корупцијата и недостатокот на судската независност.

Косово е на дното на листата

Косово е на дното на листата на аспирантки за ЕУ од регионов. Како порблем за Косово се нотираат корупцијата и недостатокот на судската независност. Во извештајот се наведува дека во земјата има потреба од спроведување на владеењето на правото. Се нотира дека Косово има ограничен напредок во борбата против организираниот криминал и корупцијата. Има критики и за тоа што се уште не е формирана влада, иако изборите беа во јуни.

Извештајот за последен пат го претставува еврокомесарот за проширување Штефан Филе. Новите политичарите во Брисел, велат дека нема да има проширување за време на нивниот петгодишен мандат.

  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG