Достапни линкови

На плоштадот му фалеше уште „Прскалка“


Изградба на нова фантана на плоштад „Македонија“.
Изградба на нова фантана на плоштад „Македонија“.

Веројатно на тој плоштад ќе треба да прелетуваме, а не да бидеме таму и да се движиме на неговиот простор, вели професор Јасмина Силјановска, како коментар на изградбата на новата фонтана на плоштад „Македонија“.

Новата фонтана прскалка која почна да се гради веднаш до споменикот и фонтана „Воин на коњ“ на градскиот плоштад, предизвика различни реакции во јавноста.
Доволно е, кога ќе се изгради уште една толкава фонтана, не знам каде го има тоа, во кој гради има толку фонтани?
Анкетиран граѓанин.


Дел од граѓаните велат дека е претерана изградбата на уште една фонтана на истата локација, и тоа не само од естетски, туку и од финансиски аспект.
Изградба на нова фонтана на плоштад „Македонија“.
Изградба на нова фонтана на плоштад „Македонија“.


„Не е оправдано толку пари да се трошат, затоа што луѓето веќе немаат пари ни за леб. Доволно е, кога ќе се изгради уште една толкава фонтана, не знам каде го има тоа, во кој гради има толку фонтани?

„Навистина е премногу, тоа е едно, друго е што веќе е многу скапо, јас не знам од кај пари наоѓаат, а народот нема пари леб да јаде веќе.“

„Многу сакаме да имаме фонтани, ептен веќе, па сите да се бањаме во нив.“
Не знам што уште може да му се случи на тој плоштад. Веројатно на тој плоштад ќе треба да прелетуваме, а не да бидеме таму и да се движиме на неговиот простор.
Јасмина Силјановска, универзитетски професор.


За разлика од овие мислења, има и такви кои и се радуваат на новата фонтана. Очекуваат таа да биде убава и грандиозна. Велат дека е добро што се гради и дека нема да им пречи уште една фонтана на плоштад.

„Убаво ќе биде, има простор, зошто да не се искористи.“

„До сега ништо немаше на плоштад и убаво ви беше?“

„Новата фонтана можеби ќе изгледа убаво, се што се гради во градот го прифаќам.“


Идејното решение на градските власти не го оправдуваат архитектите. Професорката Јасмина Силјановска од Архитектонскиот факултет во Скопје вели дека станува збор за апсолутно непознавање на перцептивните вредности и за тотална изгубеност во времето и просторот.
Во овој случај и фонтаната ќе го дополни тоа архитектонското обликување кое не ја прати функцијата, има недостаток на пропорција, непотребно исфорсирано се наметнува по секоја цена.
Сања Раѓеновиќ-Јовановиќ, Асоцијација на архитекти.


„Не знам што уште може да му се случи на тој плоштад. Тоа е тотално непознавање на вредноста на јавните слободни градски простори, особено на плоштади, во кои мора да доминира токму таа слободна подна рамнина. Одземањето на слободата да се биде таму, да се движи, веќе му ја одзема и функцијата и основното значење на плоштадот. Веројатно на тој плоштад ќе треба да прелетуваме, а не да бидеме таму и да се движиме на неговиот простор“, вели професор Јасмина Силјановска.

Акцентот на градење на централното градско подрачја според архитектите не подразбира следење на светските трендови, туку тотално уништување на просторот во целина.

„Веќе и видлива и за оние највчудоневидените од нашиот револт, погрешната урбанистичка поставеност на објектите. Во овој случај и фонтаната ќе го дополни тоа архитектонското обликување кое не ја прати функцијата, има недостаток на пропорција, непотребно исфорсирано се наметнува по секоја цена“, изјави претседателката на Асоцијацијата на архитекти, Сања Раѓеновиќ-Јовановиќ.

Инаку новата фонтана ќе има правоаголна форма и вкопано бетонско корито. Неа ќе ја сочинуваат 128 млазници со 128 светилки.Од вкупно потребните 2,5 милиони евра, за изградба на истата, токму градот Скопје ќе обезбеди една третина, а останатите ќе ги обезбеди Владата.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG