Достапни линкови

Кревка безбедност во кревка демократија


Настаните во населбата Ѓорче Петров покажуваат дека нешто не е во ред во општеството во кое живееме, велат дел од жителите на оваа населба. Настаните добија друга димензија, поради сето она што се наталожило во минатото, вели социологот Илија Ацески.

Преку ден во населбата Ѓорче Петров е мирно. Животот и соoбраќајот се одвиваат нормално, како воопшто преку ноќта да немало немири и судири на полицијата и демонстрантите. За тоа само сведочат искршените прозори на дуќаните, кафулињата и други објекти врз кои беше направена некаква материјална штета. Причината за протестите беше убиството на матурантот Анѓел Петковски. Ги прашавме жителите на населбата дали се чувствуваат безбедно и што мислат за настаните од изминатите денови. Повеќето од нив не сакаа воопшто да коментираат.
Ништо не е безбедно со ваква полиција. Само тоа можам да го кажам, затоа се револтирани граѓаните.
Анкетиран жител на населбата Ѓорче Петров.


„Ништо не е безбедно со ваква полиција. Само тоа можам да го кажам, затоа се револтирани граѓаните.“

„Безбедно е да. А настаните не се убави за никого. Нормално убиството го осудуваме, а протестите беа оправдани на некој начин, меѓутоа не со предизвикување на непотребна материјална штета.“

„Дефинитивно неубави работи се случуваат. Сега дали се чувствувам безбедно? Мислам дека има органи на ред и поредок во државата кои треба да поведат сметка. Да се случува такво нешто значи дека нешто не е во ред во општеството во кое живееме.“
Веднаш се бара кој е оној другиот кој тоа го направил. Ако тој е од другата етничка заедница, кој што го носи тој белег дека произлегува од тие односи внатре во општеството.
Илија Ацески, социолог.

Социологот Илија Ацевски вели дека настаните од тој тип и карактер и учесниците во нив добиваат една друга димензија, поради сето она што се наталожило во минатото.

„Тоа произлегува од една ситуација во Македнија, која главно еден подолг временски период се балансира или се сместува во меѓуетничките односи. Веднаш се бара кој е оној другиот кој тоа го направил. Ако тој е од другата етничка заедница, кој што го носи тој белег дека произлегува од тие односи внатре во општеството, односно длабоко инпонирани во меѓуетничките односи“, вели Ацески.

Според него, еден подолг временски период во Македонија секој поединечен инцидент како да го носи тоа значење дека нешто длабоко се случило во земјата, односно дека општеството е во голема мера е поделено по етничка и верска линија.

„Тие настани само го поттикнуваат и му даваат една условно кажано една свежина на таа состојба. Секогаш укажуваат дека во Македонија во општеството и заедницата владее еден страв, кај оние другите учесници во таквите настани, произлегува дека нешто се случува и крши во таа заедница или се скршило и дошло до тој момент што потоа не може да се состави.“

Осомничениот за убиството на Ангел е уапсен и против него е поднесена кривична пријава.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG