Достапни линкови

Политичарите со свое видување за изборите


Претседателот Ѓорге Иванов со својата сопруга гласа во Скопје, на избирачко место во средното училиште „Јосип Броз Тито“.
Претседателот Ѓорге Иванов со својата сопруга гласа во Скопје, на избирачко место во средното училиште „Јосип Броз Тито“.

Претседателот Ѓорге Иванов, претседателот на Собранието Трајко Вељаноски, премиерот Никола Груевски, лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски, како и кандидатите за градоначалник Коце Трајановски и Јани Макрадули денеска гласаа во Скопје.

Со денешниот втор круг гласање од локалните избори очекуваме зад нас да оставиме уште еден успешно завршен изборен процес, изјави претседателот Ѓорге Иванов по гласањето.
Вообичаено вечер победниците слават, а поразените треба да размислат зошто добиле такви изборни резултати и да се подготват веќе за следните избори бидејќи демократијата е постојан циклус на учење учествувајќи во неа.
Ѓорге Иванов, претседател на Македонија.

„Вообичаено вечер победниците слават, а поразените треба да размислат зошто добиле такви изборни резултати и да се подготват веќе за следните избори бидејќи демократијата е постојан циклус на учење учествувајќи во неа“, рече Иванов.

Тој изрази надеж дека изборите ќе поминат во најдобар ред, како што доликува, како што рече, на на една земја-кандидат за членство во ЕУ.

Посакувам и се надевам дека и денешниот ден ќе помине во мирна и демократска атмосфера како што помина првиот изборен круг и со тоа со позитивна оценка да се заокружи изборниот процес што е многу значаен за Република Македонија, изјави претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски, по гласањето .

„Би сакал на градоначалниците, кои се избрани во првиот круг и на оние кои ќе бидат избрани во вториот круг да им посакам успех во работата и она што го ветиле да го остварат. На граѓаните на Република Македонија сакам да им го честитам овој успех што заеднички го направивме со спроведувањето на фер и демократски избори“, изјави Вељаноски.
Тој посочи дека од утре институциите на државата треба да почнат да работат нормално без оптоварување од локалните избори.
Се надевам дека и денеска, како и минатиот пат, ќе имаме нормален изборен ден на кој граѓаните ќе можат слободно, без какви било проблеми, да го остварат своето гласачко право и да го заокружат името на кандидатот во кој тие веруваат дека ќе направи најмногу дела.
Никола Груевски, премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ.

Премиерот Никола Груевски изјави дека според информациите со кои располага, изборите се одвиваат нормално со некои ситни инциденти на неколку места за што државните органи и институциите веднаш реагирале.
Премиерот Никола Груевски со својата сопруга гласаше во вториот круг од Локалните избори 2013.
Премиерот Никола Груевски со својата сопруга гласаше во вториот круг од Локалните избори 2013.

„Се надевам дека и денеска, како и минатиот пат, ќе имаме нормален изборен ден на кој граѓаните ќе можат слободно, без какви било проблеми, да го остварат своето гласачко право и да го заокружат името на кандидатот во кој тие веруваат дека ќе направи најмногу дела“, изјави Груевски по гласањето.

Лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски изрази надеж дека денешниот втор круг од локалните избори ќе заврши без какви било инциденти.
Maкедонија дефинитивно не е ниту демократска ниту правна држава. Тоа е јасно видливо во сите сфери на општественото живеење, може сериозно да се аргументира, а овие локални избори, начинот на кој беа организирани, сите неправилности кои беа спроведени од страна на власта се само последниот печат
Бранко Црвенковски, лидер на СДСМ.

„Maкедонија дефинитивно не е ниту демократска ниту правна држава. Тоа е јасно видливо во сите сфери на општественото живеење, може сериозно да се аргументира, а овие локални избори, начинот на кој беа организирани, сите неправилности кои беа спроведени од страна на власта се само последниот печат би рекол на една оценка за состојбите во нашата земја“, рече Црвенковски откако го оствари своето право на глас.

Кандидатот за градоначалник за Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“, Коце Трајановски денеска изрази надеж дека и во вториот круг од локалните избори жителите на главниот град ќе ги препознаат делата и оти ќе го дадат гласот за оние што создаваат и што градат.
Бранко Црвенковски, лидер на СДСМ.
Бранко Црвенковски, лидер на СДСМ.

Трајановски им се заблагодари на жителите на Скопје за големиот број гласови што му ги даде во првиот круг.

„Практично тоа е потврда за се она што е сработено во изминативе четири години, а воедно и верување дека она што е ветено во предизборната програма ќе биде остварено“, рече Трајановски.

Кандидатот за градоначалник за Град Скопје од „Сојузот за иднината“, Јани Макрадули рече дека верува оти скопјани ќе ја изберат иднината. и ќе гласаат за сопствениот град.

„Верувам дека и покрај сите силни притисоци и закани што се прават овие денови скопјаните ќе излезат масовно и на најдобар начин ќе се спротивстават на сето тоа што се прави, изјави Макрадули откако гласаше.
XS
SM
MD
LG