Достапни линкови

Фер избори за победа на Македонија


Постојаните обвинувања меѓу партиите од власта и од опозицијата за изборни нерегуларности и манипулации со гласачите оставаат простор кај опозицијата за неизвеснот дали ќе има фер и демократски локални избори в недела.

Предизборната атмосфера што особено последната недела помина во знакот на постојани обвинувања меѓу партиите од власта и од опозицијата за изборни нерегуларности и манипулации со гласачите остава простор кај опозицијата за неизвеснот дали ќе има фер и демократски локални избори во недела.
Убедена сум дека ќе имаме мирни избори во фер и демократска атмосфера, затоа што тоа е заложба на сите политички актери.
Ермира Мехмети, ДУИ.

Партиите од власта посочија дека очекуваат однапред предвидено сценарио на опозицијата, според кое ќе се делигитимираат изборите, за да се задскрие поразот, но дека истото повеќе не поминува кај народот. Од друга страна, тие најавуваат и дека подготвуваат терен за фер и демократски избори, нагласувајќи дека тоа е клучно Македонија да добие позитивен извештај од Европската комисија за напредокот на земјава.
Предизборен митинг на ДУИ во Гостивар.
Предизборен митинг на ДУИ во Гостивар.

„Убедена сум дека ќе имаме мирни избори во фер и демократска атмосфера, затоа што тоа е заложба на сите политички актери“, изјави Ермира Мехмети од ДУИ.
Секојдневно го кршат изборниот закон и законот за спречување на корупција. Но и покрај сето ова очекувам народот да одлучи, очекувам дека Груевски, иако се сомневам во неговиот минимален демократски капацитет, да им дозволи на граѓаните сами да си изберат локална власт.
Весна Бендевска, СДСМ.

На неколку дена пред изборите се интезивираат препукувањата околу т.н фантомски гласачи од Мала Преспа за кои обвини СДСМ. Во ВМРО-ДПМНЕ со став дека токму оваа наводна афера е план „Б“ на Црвенковски да не ги признае изборите за да го сокрие поразот, а од нивните митинзи слушаме како гарнтираат фер и демократски избори.
Лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски на предизборен митинг во Скопје.
Лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски на предизборен митинг во Скопје.

Опозицијата во „Сојуз за иднината“ достави до ДИК 200 преставки за нерегуларности, а ВМРО-ДПМНЕ одговори со над 220. Почетокот и текот на изборната кампања што завршува вечер на полноќ, според СДСМ го одбележаа голем број нерегуларности и тоа остава простор за сомнеж каков ќе биде епилогот в недела.

„Секојдневно го кршат изборниот закон и законот за спречување на корупција. Но и покрај сето ова очекувам народот да одлучи, очекувам дека Груевски, иако се сомневам во неговиот минимален демократски капацитет, да им дозволи на граѓаните сами да си изберат локална власт“, вели Весна Бендевска од СДСМ.

Бендевска коментира и дека прозивките за однапред обезбедена приказна за непризнавање на изборниот резулатат е измислена во кујната за лаги на власта.
Цела влада од ДУИ е во Струга, прават притисок, ги уценуваат граѓаните.
Зијадин Села од ДПА.

„Можноста за признавање или непризнавање на резултатите е димна завеса за да се сокријат нивните манипулации. За да некој ги признае или да не ги признае резултатите, треба да помине најмалку мирен изборен ден, без сериозни инциденти.“

И во албанскиот политички блок слична предизборна реторика и очекувања од денот на изборите меѓу партиите од опозицијата и од власта. Опозициската ДПА посочува дека владејачките ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ со нивните активности во предизборниот период особено во последната недела не покажуваат дека се спремни да обезбедат избори од европски ранг.

„Цела влада од ДУИ е во Струга, прават притисок, гу уценуваат граѓаните“, изјави Зијадин Села од ДПА.

И очите на Меѓународната заедница се свртени кон овие избори на кои им претходеше полтичка криза, кога најголемата опозициска партија излезе од Парламентот. Во последните денови од кампањата повеќе претставнициите на Меѓународната заедница излегоа со пораки упатени до владата и партиите дека само со фер и демократски локални избори Македонија може да очекува Специјалниот пролетен извештај, што Комисијата ќе го објави на 16 април, да биде позитивен.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG